Голем број граѓани на Белград вчера излегоа на протестот „Србија против насилството“ кој беше организиран по двете масовни убиства во кои загинаа вкупно 17 лица, од кои осум ученици на основно училиште во Белград.
Граѓаните на протестот беа поканети од српските опозициски партии, главно проевропски ориентирани, кои бараат „запирање на промовирањето насилство во јавниот простор“ и смена на членовите на Регулаторното тело за електронски медиуми, државното тело кое одлучува кои телевизии во Србија ќе добијат национална фреквенција.
Протестна комеморативна прошетка „Се мора да запре“ вчера се одржа и во Нови Сад. Илјадници учесници продефилираа по булеварите до Варадинскиот мост каде симболично фрлаа цвеќе во Дунав за да им оддадат почит на жртвите во двете трагедии што изминатата недела се случија на места низводно од Дунав