Вршителот на должноста премиер на Бугарија Горица Гранчарова денеска му го претстави составот на својот привремен кабинет на бугарскиот претседател Румен Радев, кој изрази голема резервираност во врска со назначувањето на Калин Стојанов за министер за внатрешни работи.
Радев ѝ даде рок до 15 часот на Гранчарова да предложи друг кандидат.
Радев изјавил дека би било невозможно да се обезбеди политичка стабилност и да се спроведат фер избори доколку Стојанов остане на таа позиција.
Затоа ѝ постави рок на Грнчарова да предложи друг кандидат за функцијата министер за внатрешни работи, објави порталот Новините.
Бугарскиот претседател се закани дека нема да го потпише указот за формирање нова влада, ако не се реши проблемот, а Гранчарова посочи дека нема да направи промена, поради што Радев одби да го потпише указот за формирање влада.
Парламентарните избори во Бугарија се одложени за 20 октомври, а владата на поранешниот привремен премиер Димитар Главчев ќе ги извршува своите должности до именување на новата привремена влада.
Парламентарните избори во Бугарија се одржаа во јуни, но ниту една партија не успеа да формира парламентарно мнозинство.