Брисел се согласи со фактот дека Албанија е подготвена да ги отвори преговорите за првото поглавје, рече Вархеји / Photo: AA

Во четвртокот во Албанија се одржа Регионален самит за Планот за раст и усогласување со фокус на интеграцијата на земјите од Западен Балкан кон Европската унија, со учество на регионални лидери и претставници на меѓународни институции и организации.

Албанскиот премиер Еди Рама и еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји одржаа заедничка прес-конференција на која зборуваа за регионалната соработка и процесот на европска интеграција.

Рама рече дека новиот План за раст е клучна платформа за забрзување на пристапувањето во ЕУ и дека е инструмент што ќе го направи овој процес опиплив за граѓаните.

„За прв пат, сите ние од Западен Балкан се согласуваме дека Европската Унија нѐ прави само обична работа, туку оди чекор понатаму за да ни се приближи, да не поддржи во нашиот економски раст и интеграција со новиот План за раст“, рече Рама.

Од албанскиот премиер беше побарано да го коментира и предлогот на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, за заедничко производство на оружје, што тој го претстави на вчерашниот самит Украина-Југоисточна Европа во Тирана.

„Што се однесува до воената индустрија и производството на оружје, ние како Србија, БиХ или Хрватска немаме производство, производствена индустрија на воена опрема, сакаме да ја имаме пред сѐ за нас. Нема ништо чудно во предлогот. Претседателот Зеленски ни кажа за можности за соработка, што значи инвестиции, производство и соработка“, рече Рама.

Еврокомесарот Вархеји рече дека денешниот ден е исто така голем поттик за сите да постигнат брз напредок.

„Самата идеја за целиот План за раст главно беше замислена токму овде, во Тирана, во претходните разговори што ги имавме со премиерот Рама, но и со другите лидери во регионот. Значи, ова не е само идеја на Европската комисија или на Европскиот совет кој одлучи да ја спроведе, тоа беше и идеја на целиот регион“, рече Вархеји.

Запрашан за процесот на европска интеграција на Албанија и дали „ЕУ ќе дозволи Грција да биде пречка за интеграцијата на Албанија“, Вархеји рече дека Брисел се согласил со фактот дека Албанија е подготвена да ги отвори преговорите за првото поглавје.

„Не можам да разберам зошто не можеме да ја донесеме оваа одлука, иако целосно ја разбирам важноста на добрососедските односи, но не можете да изградите толку добри односи со вашите соседи ако го блокирате другиот да оди напред“, тој рече.

AA
Популарни