Албанскиот премиер нагласи дека оваа посета е реализирана и за упатување благодарност за претседателскиот декрет за отворање на Азербејџанската амбасада во Тирана.       Фото: АА

Премиерот на Албанија, Еди Рама, се сретна со претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, во азербејџанскиот главен град Баку.

Рама објави соопштение на социјалните мрежи во кое истакна дека на средбата било разговарано за состојбата во напредокот на односите по посетата на Алиев на Албанија, и според него, на средбата биле постигнати важни конкретни пресвртници во соработката.

Албанскиот премиер нагласи дека оваа посета е реализирана и за упатување благодарност за претседателскиот декрет за отворање на Азербејџанската амбасада во Тирана.

Рама рече дека оваа посета ја реализира по покана на азербејџанскиот претседател Алиев.

Премиерот на Албанија за време на посетата е придружуван од вицепремиерката и министерка за инфраструктура и енергетика на Албанија, Белинда Балуку и министерката за туризам и животна средина, Мирела Кумбаро.

Потсетуваме, Алиев за првпат оствари посета на Албанија на 15 ноември оваа година, а во рамки на посетата се состана со државниот врв на земјата.

AA
Популарни