Бошњачкиот демократски сојуз реагираше по средбата остварена меѓу вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците на Северна Македонија, Иван Стоиљковиќ, и претседателот на босанскохерцеговскиот ентитет Република Српска, Милорад Додик.
Според соопштението испратено од Бошњачкиот демократски сојуз на Северна Македонија, Стоиљковиќ и Додик се сретнале во просториите на Министерството, и покрај тоа што Додик е на црната листа на САД „поради неговите геноцидни политики и корупција“.
„Ова е огромен удар за угледот на нашата земја во меѓународната заедница со што се поставува прашањето дали оваа влада воопшто негува европски вредности во контекст на почитување на човековите права и слободи и цивилизациски вредности утврдени со меѓународните акти, врз основа на кои се осудени одредени лица, а со чија глорификација и говор на омраза Додик направи и сѐ уште ја одржува својата политичка кариера! Ова сериозно ја доведува во прашање нашата стратегија за европска интеграција и меѓународните односи.“
„Ова е огромен удар за угледот на нашата земја во меѓународната заедница со што се поставува прашањето дали оваа влада воопшто негува европски вредности во контекст на почитување на човековите права и слободи и цивилизациски вредности утврдени со меѓународните акти, врз основа на кои се осудени одредени лица, а со чија глорификација и говор на омраза Додик направи и сѐ уште ја одржува својата политичка кариера! Ова сериозно ја доведува во прашање нашата стратегија за европска интеграција и меѓународните односи“, стои во реакцијата на Бошњачкиот демократски сојуз.
Реагираше и опозициската Демократска унија за интеграции (ДУИ), според која, Додик е „продолжена рака на Владимир Путин, кој работи за поделба на Босна и Херцеговина и човекот кој го величи масакрот во Сребреница“.
Имено, вчера во Македонскиот народен театар во Скопје се одржа Светосавската академија на која покрај Додик, присуствуваа и српските министри за одбрана Братислав Гашиќ и за култура Никола Селаковиќ. Од Црна Гора, присутен беше претседателот на Собранието, Андрија Мандиќ.
На прославата беше и српскиот патријарх Порфириј и рускиот амбасадор во Македонија, Сергеј Баздники.
Реакција на СДА Македонија за неистакнување на државното знаме на Босна и Херцеговина
Политичката партија СДА Македонија преку писмено соопштение реагираше поради неистакнувањето на државното знаме на Босна и Херцеговина на средбата помеѓу македонскиот вицепремиер Стоиљковиќ и претседателот на Република Српска, Милорад Додик. „На средбата помеѓу вицепремиерот Стоиљковиќ и Додик во просториите на Министерството за политички систем и односи помеѓу заедниците, покрај државното знаме на Република Македонија беше истакнато и знамето на еден од двата ентитета на БиХ. Истакнувањето на знамето на едниот ентитет, а без државното знаме на Босна и Херцеговина, во просториите на државното министерство, е поддршка за сепаратистичката политика на Додик. И укажуваме на демократската јавност дека пред само неколку недели, на Милорад Додик, членови на неговото семејство и неговите соработници им беа проширени санкциите од САД и В.Британија токму за обидите за нарушување на територијакниот интегритет и суверенитет на Босна и Херцеговина“, се вели во реакцијата на СДА.
Додаваат дека на главната манифестацијата на Св. Сава, одржана под покровителство на Владата на Р. Македонија, Милорад Додик испрати и пораки со кои, како што наведуваат „повторно се негира геноцидот врз Бошњаците, пресуден од Меѓународниот суд во Хаг“.
„Ова го сметаме како континуитет на таквите ставови, затоа што вицепремиерот Стоиљковиќ веќе има серија на слични контроверзни изјави. Но овој пат, укажуваме на настан, која е под покровителство на Владата на Р. Северна Македонија“, стои во реакцијата.
„Ова го сметаме како континуитет на таквите ставови, затоа што вицепремиерот Стоиљковиќ веќе има серија на слични контроверзни изјави. Но овој пат, укажуваме на настан, која е под покровителство на Владата на Р. Северна Македонија.“
Од СДА нагласуваат дека изразуваат ревлот „што наместо достоинствена прослава на празникот, организаторите се одлучија за провокации преку пораки со кои се негира геноцидот врз Бошњаците во Сребреница, како и со дипломатски скандали со кои се нарушуваат односите помеѓу Македонија и Босна и Херцеговина.“
„Жалиме што Владата на Р.Македонија, откако го стопираше патот кон ЕУ, станува покровител на настани за промоција на големосрпската политика, со кои Македонија забрзано влегува како чинител во “српскиот свет“, на што вчера аплаудираше и рускиот амбасадор во државата. Молкот на политичките партии од власта на овие провокации и дипломтаски скандали го сметаме како одобрување за Владата да продолжи со покровителство на настани со кои Северна Македонија станува дел од “српскиот свет“ и инструмент на големосрпската политика“, се наведува во реакцијата на СДА и се додава:
„Ги повикуваме сите прогресивни политички сили во општеството, ја повикуваме демократската јавност, заедно да се спротистават на големосрпската политика, која е штетна за интересите и на Македонија како држава и за интересите на сите нејзини граѓани.“