Мостот на реката Сава долг 462 метри ги поврзува Босна и Херцеговина и Хрватска     Фото: АА (Архива) / Photo: AA Archive

Братунац, Градишка, Морачица, Сливај, Илок, се само дел од мостовите со кои директно се поврзуваат земјите од регионот на Балканот. Некои се нови и потполно функционални, други во фаза на реконструкција. Некои пак се уште се само проект на хартија и бенефитите од нив допрва треба да се видат.

Минатата недела владата на Црна Гора го усвои Законот за изградба на мост преку реката Тара кој оваа земја директно ќе ја поврзе со Босна и Херцеговина, последен пример за вакво поврзување меѓу две држави од Западен Балкан.

Во продолжение се осврнуваме на овој и на уште неколку други позначајни меѓудржавни проекти од ваков тип во регионот и пошироко кои се завршени, се изведуваат или е планирано да бидат изградени.

Пет милиони евра за мостот на Тара

Црна Гора и БиХ треба заеднички да ги искористат можностите на економскиот и инвестициски план на Европската комисија за Западен Балкан. За финансирање на мостот на Тара според првичните проценки ќе бидат неопходни околу 2,5 милиони евра од кои двете држави треба да придонесат со по 50 отсто, не вклучувајќи ги тука евентуалните финансии како помош добиени од европските фондови.

Братунац-Љубовља ги спојува Србија и БиХ

Во ноември минатата година беше отворен мостот кој ги спојува Братунац на истокот на Босна и Херцеговина и Љубовља во Србија како и царинските терминали на Србија и БиХ. Мостот е долг 227, а широк 14 метри. Неговата изградба вредна 13 милиони евра ја финансираше Србија, а царинските терминали од 7,2 милиони евра ги финансираше БиХ.

Градишка и Свилај за спој на БиХ со Хрватска

Еден од позначајните мостови кој треба да игра клучна улога во поврзувањето на БиХ и Хрватска беше завршен во јули годинава. Во Градишка Босна и Херцеговина завршија работите на мостот на реката Сава. Долг е 462 метри од кои 411 во БиХ и 51 во Хрватска. Има по две сообраќајни ленти во двете насоки. Изградбата беше финансирана со 19 милиони евра од Хратска, БиХ и неповратни средства од ЕУ искомбинирани со кредити од Европската инвестициска банка. Минатата година беше отворен мостот Свилај долг 660 метри и широк 29 метри кој исто така ги спојува овие две држави.

Мост од 825 метри ги за поврзување на Србија и Хрватска

Мостот Илок е еден пример за вакво поврзување меѓу Србија и Хрватска. Се наоѓа на Дунав. Порано беше познат како 25 Мај.

Изграден е во 1999 година, а реконструиран во 2002 година. Мостот е долг 825 метри и ги поврзува Илок во Хрватска и Бачка Паланка во Србија.

БиХ, Србија и Хрватска заедно одржуваат 21 мост

Србија и Босна и Херцеговина потпишаа договор според кој заеднички ќе се грижат за 11 мотови кои ги спојуваат. Според договорот Србија ќе биде задолжена за шест мостови на реката Дрина, а БиХ за пет мостови, од кои три на реката Сава. Договор за заедничко одржување на 10 мостови БиХ има со Хрватска.

Морачица клучна за поврзување на Црна Гора и Србија

Мостот Морачица е најголем објект на делницата од Подгорица во Црна Гора до Колашин во Србија. Тој се наоѓа на автопатот Бар- Боларе во Црна Гора и го спојува градот Бар со границата меѓу Црна Гора и Србија. Мостот Морачица е висок 175 метри, долг 23,4 метри и долг 960 метри.

Албанија и Црна Гора планираат да се спојат преку Бојана

До 2024 Албанија и Црна Гора планираат да се спојат преку мост. Според најавите, мостот треба да биде изграден на реката Бојана. Со него треба да се спојат Улцињ во Црна Гора и Велипоје во Албанија. Мостот би требало да биде долг 310 метри и за седумдесетина километри би го скусил патот од Улцињ до Велипоје.

Автопатот од Косово кон Северна Македонија со најдолг мост

Косово неодамна ја заврши изградбата на автопатот Арбен Џафери со кој се поврза со преминот Блаце кон Северна Македонија. На овој автопат е изграден еден од најдолгите мостови на Балканот. Се наоѓа над Качаничката клисура. Долг е шест километри. Мостот не претставува директно поврзување и дел е од поголем проект, но во голема мера ја олесни фреквенцијата меѓу граѓаните од двете земји.

TRT Balkan
Популарни