Владата на Република Северна Македонија (РСМ) ја усвои одлуката за укинување на излезните визи со цел полесно извршување на оваа верска обврска на муслиманите.
Оваа информација на социјалните мрежи ја сподели првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби.
„Ја споделувам со вас веста дека на денешната седница на Владата, на предлог на Министерството за внатрешни работи, ја усвоивме одлуката за укинување на излезните визи за полесно обавување на верската обврска на муслиманските верници на нашата земја – Хаџот“, напиша Груби во објавата на социјалните мрежи.
Тој во објавата додаде дека „Владата внимателно ќе го следи патувањето на аџиите и ќе биде отворена за секаков вид на помош што ќе им биде потребна од страна на државните институции.“
Одењето на аџилак на муслиманските верници од Северна Македонија е в организација на Исламската верска заедница (ИВЗ), која претходно најави дека годинава од земјава во Саудиска Арабија ќе патуваат вкупно 2.030 аџии, кои одењето на аџилак ќе ги чини 6.550 евра, во кои е вклучен превоз, сместување, храна, здравствено осигурување, даноци и добивање излезна виза.
Според ИВЗ, одлуката за укинување на излезната виза ќе им ја олесни работата на муфтиите во земјава, кои повеќе нема да имаат потреба да пополнуваат формулари и документи за да аплицираат за излезни визи кои чинат 150 денари.