Во текот на зимската сезона во Сараево и некои градови во БиХ, дозволената концентрација на лебдечки честички се надминува речиси секој ден / Photo: AA

Сараево, главниот град на Босна и Херцеговина, утрово се најде на врвот на листата на светски градови со најзагаден воздух, покажуваат податоците на порталот „IQAir“.

Квалитетот на воздухот во главниот град на Босна и Херцеговина е оценет како „опасен“, со индекс на квалитет 312.

Зад Сараево на листата е Лахоре (Пакистан), чиј индекс за квалитет на воздухот е 259, потоа Њу Делхи (Индија) со индекс 225 и Кувајт (Кувајт) со индекс 177.

Петиот град на листата е Скопје, каде квалитетот на воздухот е оценет со индекс 173, а во топ десет најзагадени градови утрово е и Приштина со индекс 127.

Швајцарскиот „IQAir“ има повеќе од 10.000 мерни станици ширум светот и го покажува квалитетот на воздухот низ целата планета.

Во текот на зимската сезона во Сараево и некои градови во Босна и Херцеговина, дозволената концентрација на лебдечки честички се надминува речиси секој ден, а најголеми причинители за загадувањето се индустриските постројки, сообраќајот, согорувањето на отпадот и индивидуалните камини.

TRT Balkan / агенции
Популарни