Седумте обвинети со јавниот обвинител склучиле спогодби за признавање вина / Photo: AA

Поради инцидентите на протестот пред градското собрание на Белград, Вишиот суд во Белград на четири лица им изрече мерка притвор од 30 дена, на шестмина им е изречена мерка куќен притвор, додека едно лице е ослободено.

Притворените се товарат за кривичното дело насилничко однесување на спортски настан или јавен собир од член 344а став 1 од Кривичниот законик во врска со кривичното дело повикување на насилна промена на уставниот поредок од член 309 став 1 од КЗ.

Седумте обвинети со јавниот обвинител склучиле спогодби за признавање вина, кои биле прифатени со пресудите изречени од судиите за претходна постапка.

Обвинетите добиле условни затворски казни од 3 до 6 месеци затвор кои нема да се реализираат ако во рок од две години не извршат ново кривично дела, а истовремено треба да платат парични казни од 10.000 до 20.000 динари.

TRT Balkan / агенции
Популарни