Габриел додаде дека се надева дека конечниот договор со партијата „Ние поддржуваме промени“ ќе биде финализиран во следните 24 часа / Photo: Reuters

Бугарската министерка за надворешни работи Марија Габриел од централно-десничарската партија ГЕРБ денеска се согласи да ја формира новата влада на Бугарија, по оставката на премиерот Николај Денков на почетокот на март.

„Го прифаќам овој мандат со чувство на одговорност бидејќи на Бугарија и е потребна стабилност“, изјави Габријел за новинарите, пренесува Ројтерс.

Таа додаде дека се надева дека конечниот договор со партијата „Ние поддржуваме промени“ ќе биде финализиран во следните 24 часа.

ГЕРБ и прозападниот блок предводен од партијата „Ние ги поддржуваме промените“, чиј лидер е Денков, минатата година се договорија Габриел да ја преземе функцијата премиер, откако Денков ќе го заврши својот деветмесечен мандат, наведува агенцијата.

На изборите во април минатата година, ГЕРБ освои 69 пратенички мандати, додека коалицијата предводена од партијата „Ние поддржуваме промени“ освои 64 од вкупно 240 места во бугарскиот парламент.

TRT Balkan / агенции
Популарни