Претседателот Вучиќ се заблагодари за оценката дека Србија одговорно ја спроведува програмата договорена со ММФ / Photo: TANJUG

Србија постигна одлични резултати строго почитувајќи ги препораките на Меѓународниот монтетарен фонд и спроведувајќи ги целите дефинирани со аранжманот со оваа институција. За тоа сведочат рекордните девизни резерви, добрите резултати од фискалната политика, високиот прилив на странски инвестиции и растот на вработеноста.

Според службата за соработка со медиумите на претседателот на Србија Александар Вучиќ, ваква оценка на денешната средба во Белград изнел Шефот на мисијата на ММФ, Донал Мекгетиган.

Во соопштението се додава дека тој истакнал дека Србија навремено одговорила со соодветни економски мерки на инфлациските притисоци и дека ММФ очекува стапката на инфлација на крајот на годината да биде под или под осум проценти.

Зборувајќи за реформата на државните и јавните претпријатија, претставниците на ММФ ги поздравиле преземените чекори за трансформација и стабилизирање на ЕПС и укажале на неопходноста од забрзување на реструктуирањето на државните претпријатија.

„Претседателот Вучиќ се заблагодари за оценката дека Србија одговорно ја спроведува програмата договорена со ММФ. Тој посочи дека е зачувана макроекономската стабилност, како и доброто деловно опкружување и додаде дека и покрај бројните предизвици на глобалниот пазар, Србија има успеа да ја зачува економијата па дури и дополнително да ја зајакне“, се вели во соопштението.

Управниот одбор на ММФ, каде ќе биде усвоен заклучокот за успешноста на вториот преглед на аранжманот, ќе се одржи на 21 декември годинава.

Tanjug
Популарни