Шентоп се состана со Џафери во Скопје / Photo: AA

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, оствари средба со претседателот на Големото национално собрание на Туркије (ТБММ), Мустафа Шентоп, кој претстојува во дводневна посета на земјава со група пратеници.

Како што соопшти собранието на Северна Македонија, на средбата присуствуваа потпретседателот на Собранието, Хусни Исмаили и генералната секретарка, Цветанка Иванова.

Туркије силно ја поддржува евроатланската интеграција на Северна Македонија

Шентоп нагласи дека Република Туркије силно ја поддржува евроатланската интеграција на земјите од Балканот, а особено на Република Северна Македонија. Во таа насока, тој упати честитки за почетокот на преговорите за членство во ЕУ и изрази уверување дека земјава во разумен рок ќе стане членка на Унијата.

Тој истакна дека неговата посета на Република Северна Македонија е во рамките одбележувањето Денот на наставата на турски јазик и нагласи дека е особено значајно турската заедница во Република Северна Македонија да го ужива правото на образование на мајчин јазик.

„Во врска со економската соработка меѓу двете земји, Шентоп изрази задоволство од зголемувањето на трговската размена и нагласи дека Туркије ги охрабрува турските стопанственици да инвестираат во Северна Македонија“, се вели во соопштението.

„ФЕТО не е сериозен проблем само за националната безбедност на Туркије, туку и на Северна Македонија“

Шентоп предупреди и на структурите на терористичката организација ФЕТО во Северна Македонија.

Меѓу другото, тој ги пренесе очекувањата на Туркије да се затвораат структурите поврзани со ФЕТО и лицата поврзани со организацијата да бидат депортирани од Северна Македонија. Според него, ФЕТО не е сериозен проблем само за националната безбедност на Туркије, туку и на Северна Македонија.

Џафери и Шентоп изразија уверување дека долгогодишното партнерство меѓу двете држави и позитивниот тренд во развојот на билатералните односи и соработката и натаму ќе се унапредуваат. Во таа насока, претседателот Џафери ја прифати поканата од претседателот Шентоп за реазлизирање на возвратна посета на Република Туркије.

Претседателот на Собранието на Северна Македонија Талат Џафери изрази задоволство од повторната посета на претседателот Мустафа Шентоп, која се совпаѓа со одбележувањето на 21 Декември, Денот на наставата на турски јазик. Тој нагласи дека Република Северна Македонија и Република Туркије негуваат силно традиционално пријателство и партнерство, а билатералната соработка меѓу двете земји е динамична на сите нивоа и особено на парламентарно ниво.

Џафери му го честита на Шентоп претстојното претседавање со Парламентарното собрание на Црноморската економска сораборотка - ПАБСЕК, што се совпаѓа со 30. Годишнината од формирањето на ова меѓународно собрание.

„Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија се осврна на и економската соработка меѓу двете земји, при што посочи дека Република Туркије постојано е меѓу нашите најзначајни трговски партнери и континуирано инвестира во македонската економија, а во таа насока особен придонес дава Стопанската комора на РСМ–РТ, МАТТО“, се вели во соопштението од Собранието на Северна Македонија.

Успешна соработка на Северна Македонија и Туркије во НАТО

Џафери нагласи дека високо ја вреднуваат успешната соработка со Република Туркије во рамките на НАТО, а пред сè во областа на воената обука и едукација, донациите на опрема за потребите на Армијата, како и заедничкото учество во мировни операции.

Во рамки на дводневната посета, предвидено е Шентоп да се состане и со премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски.

Тој ќе учествува и на одбележувањето и активностите кои ќе се реализираат во рамки на Денот на наставата на турски јазик во земјата. Меѓу другото, Шентоп ќе биде присутен на официјалното отворање на кампусот на „International Maarif Schools“ во Скопје.

Тој ќе ги посети и Меѓународниот балкански универзитет и женскиот интернат „Шуле Јуксел Шенлер“ во Скопје.

Шентоп е придружуван од делегација која се состои од пратеникот и потпретседател на парламентарната група на АК Партија, Мухамет Емин Акбашоглу; пратеникот на АК Партија и претседател на пријателската парламентарна група меѓу Туркије и Северна Македонија, Ахмет Килич; пратеникот на Републиканската народна партија (ЏХП), Јусел Озкан; пратеникот на партијата ИЈИ од Анкара, Ибрахим Халил Орал, и пратеникот на Партијата за национално движење (МХП), Хидајет Вахапоглу.

TRT Balkan / агенции
Популарни