Шентоп: Туркије и Хрватска се главни столбови на регионалната стабилност
Претседателот на Големото народно собрание (ТБММ) на Република Туркије Мустафа Шентоп, кој претстојува во Загреб, изјави дека и покрај актерите кои ги подигнуваат тензиите во регионот, Туркије и Хрватска претставуваат главни столбови на регионалната стабилност како доверливи и почитувани земји.


Шентоп се обрати пред студентите на Департманот за туркологија на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Загреб, каде говореше за темата „Важноста на турско-хрватската соработка по повод 30 години од дипломатските односи“.

Шентоп рече дека односите на двете држави не се ограничени на 30 години, туку се темелат на длабоко вкоренета заедничка историја. Потсети дека Туркије била една од првите земји која ја признала хрватската независност и дека со членството на Хрватска во НАТО во 2009 година на односите им е додадена и сојузничка димензија.

„Навистина е вредно за восхит тоа што Хрватска по една од најкрвавите војни од новата историја во многу кратко време успеа да стане полноправна членка и на НАТО и на ЕУ. Вклучувањето на Хрватска во евро и шенгенскиот простор на крајот од деветтата година од членството во ЕУ ќе биде нова приказна за успех. Во оваа пригода, однапред упатувам честитки. Исто така им честитам на хрватските пријатели на почетокот на пристапните преговори со ОЕЦД. Ќе продолжиме да ја поддржуваме Хрватска и за тоа прашање“, рече Шентоп.

Тој подвлече дека е актуелна ситацијата во Украина и уште еднаш ја потврди неопходноста на соработката помеѓу двете земји.

„Гледаме дека е неопходно доверливи партнери заедно да работат на мир и стабилност во регионот, дека принципите на меѓународниот систем можат да се нарушат со сила, а се обидуваат проблемите да ги решат со груба сила. Освен во Украина, и покрај актедите кои подигнуваат тензии во регионот, Туркије и Хрватска се главни столбови на регионалната стабилност како доверливи и почитувани земји“, порача Шентоп.

Тој рече дека Филозофскиот факултет на Универзитетот во Загреб и Департманот за туркологија во негови рамки го гледа како една од поистакнатите институции кои придонесуваат за турско-хрватското пријателство.

„Туркологијата е навистина важно подрачје. За жал, катедрите на туркологија, кои во разни земји се во рацете на центрите кои се исполитизирани и непријателски расположени кон Туркије се оддалечија од изработка на научни студии. И покрај сите движења во академската заедница во светот, може да се каже дека туркистиката заостанува за продуктивноста од пред речиси еден век. Науката и образованието се многу важни подрачја кои не би требало да бидат жртвувани поради предрасуди и непријателство“, порача Шентоп.

AA
Популарни