Скопје: Делегациите пристигнуваат на 30. Министерски совет на ОБСЕ / Photo: AA

Делегациите пристигнуваат на триесеттиот Министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), што се одржува под претседавање на Северна Македонија со ОБСЕ.

Министерскиот совет се одржува во периодот од 30 ноември до 1 декември.

Министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи, ги пречекува делегациите учесници на овој совет.

Во име на Туркије, на состанокот присуствува турскиот заменик министер за надворешни работи, Бурак Акчапар.

На состанокот се очекува од 57 земји членки на ОБСЕ да присуствуваат околу 1.000 учесници од 76 делегации.

На отворањето на сесиите обраќање ќе имаат премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи на Северна Македонија и претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи, како и претставници на ОБСЕ.

По обраќањата, сесиите на Министерскиот совет ќе се одржат зад затворени врати.

Инаку, американскиот државен секретар Ентони Блинкен вчера учествуваше на неформалната вечера приредена во чест на учесниците во Скопје, при што замина од земјата.

На овој совет најавено е учеството и на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

Балтичките земји и министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, претходно нагласија дека ќе го бојкотираат овој совет поради учеството на Лавров.

Во Спортската сала „Борис Трајковски“ во Скопје, и нејзината околина, преземени се опсежни безбедносни мерки.

Северна Македонија, која претседава со ОБСЕ во 2023 година, ги спроведува своите активности на темата „За луѓето се работи“.

AA
Популарни