Поздравен говор на манифестацијата имаше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој упати честитки по повод 21 декември – Ден на наставата на турски јазик / Photo: AA

Во главниот град на Северна Македонија се организираше свечен прием по повод 21 декември – Ден на наставата на турски јазик.

Во програмата организирана од Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) и Сојузот на турските невладини организации на Македонија (МАТУСИТЕБ), учествуваа претседателот на Големото народно собрание на Туркије, Нуман Куртулмуш и делегацијата што го придружуваше; поранешниот претседател на турскиот парламент Мустафа Шентоп; претседателот на Собранието на Северна Македонија, Африм Гаши, вицепремиерот Изет Меџити, Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, Министерот за здравство, Арбен Таравари, други министри и заменици министри од Северна Македонија, амбасадорот на Туркије во Скопје, Фатих Улусој, потпретседателот на ТИКА, Махмут Чевик, претставници на турските институции и организации во земјава, политичари и други гости.

Во својот поздравен говор на манифестацијата имаше министерот за Внатрешни работи на Северна Македонија, Панче Тошковски, кој упати честитки по повод 21 декември – Ден на наставата на турски јазик.

Тој истакна дека од турскиот амбасадор Улусој, како и при неговата неодамнешна посета во Република Туркије, многу пати го слушнал зборот „братски“, истакнувајќи дека сосема се согласува со оваа квалификација кога се во прашање двете земји и народи.

Тошковски рече дека му претставува чест што туркиот амбасадор се чувствува како дома кога е во Северна Македонија, додавајќи дека тој го чувствувал истото кога бил во Туркије.

„Нашите народи се братски народи, нашите две земји се братски земји. Јас се согласувам целосно со тој став и сметам дека само заедно, сплотени со заеднички вложувања, мислам дека сме пример за тоа како Македонците, Турците, Албанците, Власите, Ромите, Србите, сите овие убави балкански народи можат да живеат на едно парче земја, заеднички, почитувајќи се меѓусебно, почитувајќи ги правата и вредностите едни со други“, рече Тошковски.

Амбасадорот Улусојво своето обраќање рече дека Северна Македонија е добар пример за културата на соживот меѓу различните заедници и додаде:

„Свесни сме дека турската заедница, како лојални граѓани и еден од древните и основачки народи на оваа земја, има посебно место во создавањето на оваа прекрасна слика. Слично на тоа, турската заедница на Северна Македонија отсекогаш имала извонредно место во одличните повеќедимензионални односи меѓу нашите земји. Како отсекогаш, оваа заедница ќе продолжи силно да ги поврзува двете земји“.

Потсетувајќи дека Туркије е првата земја што ја призна Северна Македонија со нејзиното поранешно уставно име и именуваше амбасадор во Скопје, Улусој рече дека Туркије од осамостојувањето на Северна Македонија ја поддржува и продолжува да ја поддржува земјата на секое поле, вклучително и членството во НАТО.

„Овој празник е силен израз на постоењето на турскиот народ и култура во Северна Македонија“

Во меѓувреме, потпретседателот на ТИКА Чевик потсети дека празникот 21 Декември е еден од значајните изрази на постоењето на Турците во Северна Македонија, додека нивното влијание на Балканот низ вековите и нивното присуство на овие земји со историја, култура, литература, традиција и обичаи, секоја година се слави со се поголем ентузијазам.

Нагласувајќи дека овој празник не треба да се гледа само како празник на Турците од оваа земја, Чевик рече: „Овој празник е исто така силен израз на постоењето на турскиот народ и култура во Северна Македонија. Турците кои живеат во Северна Македонија, со своите социјални и културни вредности, се елементот што ги обединува и интегрира Туркије и Северна Македонија во секој аспект од животот, вклучително и културниот, политичкиот и комерцијалниот аспект“.

Претседателот на МАТУСИТЕБ, Тахсин Ибрахим, рече дека заштитата на турскиот јазик во срцето на Балканот придонесува за мир, толеранција и волја за заеднички живот на мултикултурен начин и додаде: „Турскиот не е само јазик на турското општество, но и јазик на цивилизацијата. Наша заедничка одговорност е да го одржиме во живот, да го збогатиме и да им го пренесеме на идните генерации“.

Во рамки на активноста беа поделени и награди за успешните ученици и студенти на конкурсот во сликарство, поезија и композиција.

Наградите ги доделија претседателот на турскиот претседател Куртулмуш и други официјални претставници.

Инаку, Куртулмуш денеска во Скопје пристигна заедно со делегација во која се заменик-претседателот на групата на АК Партијата, Бахадир Јенишехирлиоглу, претседателот на Интерпарламентарната група за пријателство Туркије-Северна Македонија и пратеник од Бурса, Ахмет Килич, пратеник на АК Партијата од Ван, Кајхан Туркменоглу, пратеник на АК Партијата од Чорум, Јусуф Ахлатџи, заменик-претседателот на Интерпарламентарната група за пријателство Туркије - Северна Македонија и пратеник на ЏХП од Киркларели, Веџди Гундогду, пратеникот на МХП од Бурса, Февзи Зирхлиоглу и пратеникот на партијата Саадет од Измир, Мустафа Билиџи.

AA
Популарни