„Слободата на светот е нецелосна без слободата на палестинскиот народ“                   Фото: АА / Photo: AA

Јусеф Ахлелу, палестински новинар и политички аналитичар кој живее во Англија, рече дека колегите од новинарската фела во неговата земја се „глас на безгласните“ и дека слободата на светот е нецелосна без слободата на палестинскиот народ.

Алхелу во изминатите денови беше говорник нa трибината „Предизвиците на новинарското извесување од Газа“, одржана во Скопје просториите на Меѓународниот балкански универзитет во организација на Платформата на нелвадини организации за поддршката на Палестина, настан со кој оваа платформа го одбележа страдањето на палестинскиот народ поради израелските напади во континуитет по 7 октомври минатата година.

Палестинскиот новинар Јусеф Ахлелу говорник на трибината одржана во Скопје на темата „Предизвиците на новинарското известување од Газа" Фото: ТРТ Балкан

Во интервју за новинската агенција Анадолу (АА), Алхелу изјави дека палестинските новинари се гласот на безгласниот народ соочен со геноцид од страна на Израел.

Алхелу рече дека западните медиуми генерално се произраелски и еднострани и затоа од големо значење е да ги покриваат случувањата поврзани со Палестинците и истакна дека геноцидот во Газа не започнал пред една година, туку дека 76 години тие се подложени на угнетување.

Тој нагласи дека за нив е морална обврска да се обидат светот да го известат за тоа што се случува.

„Изгубивме многу наши колеги. Израел се обиде да ги цензурира изјавите на Палестинците, воведе ограничувања и забрана за емитување на медиумите. Од таа причина го спречи влезот на странските новинари во Газа“, рече Алхелу.

Потенцираше дека Израел ја претворил Газа во најголем концентрационен и истребувачки логор во светот, каде што врши секакви масакри и додаде дека видел оти луѓето во Скопје се загрижени за страдањата на Палестинците во Газа.

„Имав среќа да ја видам Газа пред да биде уништена“

Посочувајќи дека прашањето не е политичко, туку чисто хуманитарно, Алхелу рече дека Израел убивал и палестински христијани и со земја срамнил цркви, џамии, универзитети, пекарници и болници.

Потсети дека е роден во Газа и дека со тага во душата морал да ја напушти родната земја.

„Се школував во училиштата на Обединетите нации (ОН). Ги изгубив моите најблиски, сестра ми, внуците, братучедите. Тотално уништување. Бев последниот новинар што известуваше за убавините на Газа. Симболични градби, туристички атракции и историски локалитети. За жал, дојдов до крајот на мојот документарен филм за Газа, која е уништена засекогаш.“

„Минатиот декември израелски борбен авион Ф-16 ја бомбардираше куќата на сестра ми и во нападот беа убиени таа и нејзините шест деца. Тие сѐ уште се под урнатините. Имав среќа да ги посетам минатото лето и да ја видам Газа пред да биде уништена“, рече Алхелу.

Исто така, тој истакна дека Израел убива цивили и ги легитимира своите напади.

„Израел не се грижи за заложниците. Израел сака етнички да го исчисти населението на Газа. Не му се допаѓа демографијата на Газа. Во Газа живеат 2,5 милиони луѓе. Израел е незадоволен од определбата на Палестинците бидејќи ние не одиме никаде. Луѓето имаат право сами да си ја одредат судбината и се борат за својата слобода. Овие жртви не треба да одат залудно. Уверени сме дека Израел не ќе може да му даде сјај на својот нарушен имиџ бидејќи засекогаш ќе биде познат како земја што користела лаги и фалсификати за да оправда геноцид.“

„Историјата нема да ви покаже милост“

Алхелу во разговорот за АА, потенцираше дека сака да пренесе порака по повод годишнината од геноцидот.

„Мојата порака е: Нѐ разочаравте! Знаеме дека можете да го запрете геноцидот и да извршите притисок врз Израел за прекин на огнот, но вие сте лицемерни и имате двојни стандарди.“

Истакнувајќи оти е познато дека Израел се прикажува како жртва, Алхелу рече:

„Ние сме жртвите. Гледате како нè масакрираат од ден на ден, но историјата нема да покаже милост кон вас.“

Пренесувајќи ги својата почит и респект кон народите во светот што продолжуваат да протестираат во знак на поддршка за Палестина, Алхелу додаде:

„Слободата на светот е нецелосна без слободата на палестинскиот народ.“

TRT Balkan / агенции
Популарни