Летното сметање на времето завршува утре во 3 часот, кога стрелките на часовниците треба да се поместат еден час поназад, односно на 2 часот со што започнува зимското сметање на времето./ Photo: TRT Balkan

Во недела на 29 октомври се враќа зимското сметање на времето.

Летното сметање на времето завршува утре во 3 часот, кога стрелките на часовниците треба да се поместат еден час поназад, односно на 2 часот со што започнува зимското сметање на времето.

„Оваа одлука е во согласност со член 5 од Директивата 2000/84/ЕЗ на Европскиот парламент и на Советот од 19.01.2001 година за договорот за планот за летно сметање на времето и Информациите на Европската Комисијата во согласност со член 4 од Директивата, објавена во Службен весник на ЕУ бр. C 61, 17.2.2016.

Донесувањето на оваа одлука придонесува за остварување на долгорочната економска политика на Република Северна Македонија за здружување со Европската Унија, како и следење на непреченото функционирање на одредени сектори, не само за транспортот и другите сектори на индустријата кои бараат стабилно и долгорочно планирање, стои во соопштението од Министерството за економија.

Иако Европската комисија пред четири години предложи укинување на сезонската промена на часовниците во последната недела од март, односно во октомври, се уште не е постигнат договор.

Во 2019 година предлогот беше поддржан од Европскиот парламент, но треба да биде усвоен од земјите-членки, кои треба, но, се уште не се изјасниле дали сакаат да останат на летно или симско сметање на времето.

TRT Balkan
Популарни