Комеморација по повод 27. годишнина од геноцидот во Сребреница     Фото: АА

Во Поточари денес се присутни бројни светски и регионални функционери, кои ја искористија можноста да потсетат на важноста на пренесувањето и чувањето на сеќавањето на геноцидот во Сребреница, во Босна и Херцеговина.

Шмит: Денес е важно да се биде во Сребреница

Криситјан Шмит, високиот претставник на меѓународната заедница во Босна и Херцеговина, пред самата комеморација по повод 27. годишнина од геноцидот во Сребреница порача дека е важно денес да се биде во Сребреница.

„Ако ние како меѓународна заедница размислуваме како можеме да придонесеме кон развојот на Босна и Херцеговина да стане членка на европските интеграции и зошто денес мораме да бидеме присутни тука, ќе сфатиме дека е важно денес да се биде тука во Сребреница. Тоа е навистина, вистинско прашање и искуство, се надеваме дека ова секако за следната генерација ќе стане мирно и обединето општество“, рече Шмит.

САД: Поддршка на сите во БиХ кои тежнеат кон помирување, мир и правда

Амбасадорот на САД во БиХ Мајкл Марфи порача дека ќе присуствува на одбележувањето на 27. годишнина на геноцидот во Сребреница, мрачниот настан во историјата не само за БиХ туку и за целото човештво.

Се работи за факти кои со сигурност ги утврди Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија и Меѓународниот суд на правдата и за кои постојат неспорни форензички докази.

„Босанско-херцеговските функционери на сите нивоа имаат институционална одговорност да прифатат што се случило во Сребреница пред 27 години, како и постојана обврска со тоа да се бават низ подучување на идните генерации за докажувањето на вистината, искажувањето на почитување кон жртвите, поддршка на преживеаните и процесуирање на сторителите од кои некои се уште се на слобода“, рече Марфи.

Амбасадорот рече дека тоа е единствен пат кон иднината кој донесува помирување на луѓето во Босна и Херцеговина.

Ѓукановиќ: Негирањата на геноцидот никогаш не стивнале

На социјалната мрежа Твитер се огласи и црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ, нагласувајќи дека политиката на негирањето на злосторствата и одбивањето на признавање на геноцидот во Сребреница на овие простори никогаш не стивнале.

„Неми пред вистината дека пред нашите очи се случи геноцидот и дека бевме немоќни да го спречиме. Понизни пред жртвите и нивните семејства и пријатели, со кои ја споделуваме болката и денес 27 години по сребреничкиот масакр“, истакна Ѓукановиќ.

Притоа изрази загриженост пред сознанието, како што вели, дека политиките на негирањето на злосторствата и одбивањето на признавањето на геноцидот во Сребреница на овие простори никогаш не стивнале.

Мишел: Еден од најмрачните настани во модерната европска историја

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел се огласи по повод 27. Годишнината на геноцидот во Сребреница.

Мишел во твитот наведе дека поминале 27 години од геноцидот во Сребреница, еден од најмрачните настани во модерната европска историја.

„Оваа трагична годишнина исто така е потсетување, дека заедно мораме да работиме за мирот во Европа и Босна и Херцеговина да стане дел од ЕУ“, напиша Мишел.

Градоначалникот на Ковентри: Злото на Сребреница не смее да се заборави.

„BH UK Network“ во соработка со градот Ковентри, добротворната организација „Remembering Srebrenica” и локалната босанско-херцеговска заедница организираше комеморација, за да и оваа година се оддаде почит за 8.372 брутално убиени машки лица и момчиња во геноцидот извршен во Сребреница во јули 1995 година.

Тоа стана традиционална активност на оваа општина, а градоначалникот на Ковентри Кевин Матон во обраќањето ја нагласи важноста на оддавањето почит на жртвите од геноцидот и важноста на слушањето на приказните на преживеаните.

„Ковентри е град кој ги прими босанско-херцеговските бегалци и им пружи засолниште засолниште кога највеќе им требаше. Сега е дом на прекрасната босанско-херцеговска заедница. На тоа сме горди и мораме да истраеме во заедничката борба против омразата, против негирањето на геноцидот и омразата, и градењето општество на мир и разбирање, за да никогаш и никому не му се повтори Сребреница“, наведе Матон.

Меѓународна комисија за исчезнати лица : Фактите за геноцидот се неспорни

Негирањето на фактите за геноцидот кои ги утврдија двата меѓународни суда, ги поткопува правата на преживеаните и целото човештво на вистина и правда, рече денес генералната директорка на Меѓународната комисија за исчезнати лица (ICMP) Кетринг Бомбергер.

По повод 27. Годишнина на геноцидот во Сребреница, Бомбергер рече дека меѓународната комисија за исчезнати лица помогнала во истрагите за геноцидот во Сребреница и пружила неспорни докази за идентитетот на речиси 7.000 од повеќе од 8.000 лица, чиј посмртни остатоци биле скриени во многу масовни гробници во источна Босна и дека истрагите продолжуваат и дека така уште лица ќе бидат пронајдени.

ICMP покрена процес на идентификување со користење на ДНК што овозможи да се пронајдат и идентификуваат речиси 90 отсто од жртвите од геноцидот во Сребреница.

Извор: АА

TRT Balkan / агенции
Популарни