Претседателот на Туркије Реџеп Таип Ердоган во пораката по повод одбележувањето на 27. годишнина од геноцидот во Сребреница порача дека „не прифаќаме и со тага ги отфрламе потезите кои имаат за цел омаловажување на злосторството на геноцидот, игнорирање на страдањата на нашите босански браќа и навредување на спомените на нашите шехиди (маченици)“.
„На 27. Годишнина од геноцидот во Сребреница, во кој човечкото достоинство е фрлено под нозе и кој е црна дамка во историјата на Европа, повторно во нашите срца чувствуваме болка на нашите браќа Бошњаци“, порача Ердоган присетувајќи се на шехидите и изразувајќи сочувство на нивните семејства.
Како што нагласи претседателот на Туркије, иако од геноцидот поминале четвртина век „нашата болка е понатаму свежа, како и првиот ден“.
„Со секоја откриена масовна гробница, со секој шехид кој го испраќаме, нашата тага и нашата болка растат“, истакна Ердоган во пораката која на комеморацијата во Поточари ја прочита заменик-претседателот на Партијата на правдата и развојот (АК Партија) Нуман Куртулмуш.
Ердоган порача дека иако уште има такви кои се обидуваат да ја дознаат судбината на своите деца и роднини, срамно е за човештвото оние кои имале улога во геноцидот, наместо искрено да се соочат со тоа, се натпреваруваат да ја оттргнат одговорноста од себе.
„Не прифаќаме и со тага ги отфрламе потезите кои имаат за цел омаловажување на злосторството геноцид, игнорирање на страдањето на нашите босански браќа и навредување на спомените на нашите шехиди“, рече Ердоган и додаде:
„Да се осигура иднината на Босна и Херцеговина како силна и просперитетна земја во рамките на нејзиниот територијален интегритет е наш долг кон шехидите кои ги загубивме во Сребреница и во другите делови на БиХ“.
Како што нагласи, Туркије, со таква определба ја пружа сета неопходна поддршка на сигурноста, доброто и посветла иднина на Босна и Херцеговина.
„Нема сомнеж дека генерациите на младите луѓе се гаранција на мирна и просперитетна Босна и Херцеговина. Младите Босанци и Херцеговски, со својот труд и успесите како и со својата решителност да градат иднина без заборавање на минатото, претставуваат извор на надеж за својата земја“, рече Ердоган и додаде:
„Како и во другите области, Туркије продолжува да придонесува кон развојот на образовната инфраструктура во БиХ. Како и низ историјата што стоевме до нашите браќа Бошњаци, во нивните добри и лоши времиња, ако даде Бог и во иднина преку сите расположливи средства ќе продолжиме да ја штитиме Босна и Херцеговина“.
Ердоган порача дека „посебно нема да заборавиме ниту да дозволиме да се заборави геноцидот, кој, пред очиме на целиот свет и европските војници, е извршен пред 27 години. Го молам драгиот Бог да ни даде сила и да ни помогне на тој пат“.