Словенија ја отстранува оградата на границата со Хрватска     Фото:АА

Словенечкиот премиер Роберт Голоб соопшти дека Словенија, по седум години од поставувањето, ќе ги отстрани оградите на границата со Хрватска.

Голоб наведе дека оградата поставена на хрватската граница во 2015 година со цел да се контролира влезот на бегалците кои се обидуваат да стигнат до западноевропските земји, не е „хумана“ и потсети дека отстранувањето на оградата е едно од изборните ветувања.

Посочувајќи дека полицијата подготвила план за отстранување на оградата, Голоб нагласи дека и покрај оградата, нелегалните премини се зголемиле во првата половина од годинава.

Тој наведе дека бегалците посегнуваат по опасни начини за минување, додавајќи дека состојбата во бегалските центри не е добра и оти се започнати работите за подобрување на состојбата.

Голоб, победникот на парламентарните избори одржани во Словенија на 24 април, го привлече вниманието со победата над Јанез Јанша, кој три мандати беше премиер, и ја донесе одлуката за отстранување на оградата на границата.

AA
Популарни