Народното собрание на Србија по два дена расправа изгласа нова влада, која ќе ја предводи поранешниот министер за одбрана Милош Вучевиќ.
Новата Влада на Србија брои 31 член, од кои пет се министри без ресор. Со 152 гласа пратениците ја поддржаа програмата на новата влада и предлогот за претседател и членови на Владата.
Од 213 пратеници кои гласаа, 152 го поддржаа изборот на новата Влада, а 61 пратеник беа „против“.
Вучевиќ на новата функција ќе ја замени Ана Брнабиќ, која беше избрана за претседател на Народното собрание на Србија.
Синиша Мали е прв вицепремиер и министер за финансии, Ивица Дачиќ е вицепремиер и министер за внатрешни работи, Александар Вулин е вицепремиер, Ирена Вујовиќ, вицепремиер и министер за заштита на животната средина и водостопанство, Горан Весиќ е министер за градежништво, транспорт и инфраструктура, Дубравка Ѓедовиќ-Хандановиќ е министер за рударство и енергетика.
Томислав Момировиќ е министер за внатрешна и надворешна трговија, Маја Поповиќ е министер за правда, Јелена Жариќ- Ковачевиќ е министер за државна управа и локална самоуправа, Томислав Жигманов е министер за човекови и малцински права и социјален дијалог, Братислав Гашиќ е министер за одбрана, Марко Ѓуриќ е министер за надворешни работи, Тања Мишчевиќ е министер за евроинтеграции, Славица Ѓукиќ - Дејановиќ е министерка за образование, Адријана Месаровиќ е министерка за економија, Александар Мартиновиќ е министер за земјоделство.
Златибор Лончар е министер за здравство, Немања Старовиќ е министер за труд, вработување, бранители и социјала, Милица Ѓурѓевиќ-Стаменковски е министерка за Грижа за семејството и демографија, Зоран Гајиќ е министер за спорт, Никола Селаковиќ е министер за култура, Милан Кркобабиќ е министер за грижа за селата, Јелена Беговиќ е министер за наука, технолошки развој и иновации; Хусеин Мемиќ е министер за туризам и млади, Дејан Ристиќ еминистер за информации и телекомуникации и Дарко Глишиќ е министер за јавни инвестиции. Министри без ресор се Новица Тончев, Ѓорѓе Милиќевиќ, Усаме Зукорлиќ, Ненад Поповиќ и Татјана Мацура. Маја Гојковиќ ќе биде претставник за составот на покраинската влада.
Вучевиќ вчера изјави дека Владата на Србија што ќе ја предводи во најголема мера ќе биде Влада на континуитет.
Во новата Влада има десет жени, една третина од министрите не биле дел од последниот кабинет на Ана Брнабиќ, а има и четири непартиски личности.