Во овие сложени и не лесни геополитички превирања, ќе се потрудиме да ја зачуваме сигурноста и безбедноста на нашите граѓани и нашата Србија, изјави претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, кој претседаваше со седницата на Советот за национална безбедност.
Тој во објава на социјалните мрежи изјави дека со членовите на Советот за национална безбедност размениле информации за безбедносната состојба во Србија, а разговарале и за актуелните настани, како во Србија, така и во светот.
„Се разговараше за повеќе прашања, пред се за геополитичките предизвици со кои се соочува Србија и за безбедносната состојба во Србија и во регионот“, рече српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ во обраќањето пред новинарите по седницата.
Тој додаде дека тоа значи дека Србија обезбедува доволно резерви и доволен капацитет и се за да може да опстане во таа ситуација во однос на функционирањето на животот.
„Разговаравме и за ситуацијата во Косово, која е оптоварена со постојаната екстремистичка политика на раководството во Приштина, која не е насочена кон барање мирни решенија, туку е насочена кон натамошен раздор, кон спроведување на насилни дејствија по инциденти кои се првенствено етнички мотивирани со цел иселување и протерување на Србите од Косово“, рече Дачиќ.
Зборувајќи за внатрешните безбедносни проблеми, тој рече дека „никој нема ништо против мирните собири и јавни собири“, но дека безбедноста на државата, институциите, а особено нападот врз полицијата ќе се окарактеризира како напад врз службено лице во извршувањето на службените должности.
„Предупредуваме и ги повикуваме сите да го почитуваат законот. Ова нема врска со политички ставови, политички активизам. Против сите кои користат насилство, против сите кои напаѓаат, уништуваат државен и општествен имот и против сите оние кои ги загрозуваат животите на полицијата, односно службените лица, ќе бидат поднесени соодветни кривични и прекршочни пријави“, рече Дачиќ.
Тој додаде дека без оглед на големите надворешни и внатрешни политички предизвици, безбедносната состојба е стабилна, нагласувајќи дека земјата ќе биде посилна од сите тие предизвици.