Советот за општи работи на Европската унија (ЕУ) препорача доделување на кандидатски статус за Босна и Херцеговина, објави на официјален Твитер профил Министерството за надворешни работи на Словенија.
„Советот за општи работи ги одобри заклучоците за проширување и препорача доделување кандидатски статус за Босна и Херцеговина. Оваа одлука мора да ја потврди Европскиот совет“, објави Министерството за надворешни работи на Словенија.
Советот за општи работи е тело на ЕУ во кое министрите за европски работи на државите членки на европскиот блок.
За да Босна и Херцеговина конечно го добие статусот кандидат за прием во ЕУ неопходо е препораката да ја прифати и Европскиот совет, односно шефовите на државите членки на самитот, кој ќе се одржи во четврток, 15 декември.
Босна и Херцеговина барање за членство во ЕУ поднесе во 2016 година.