Србија: Пирот блокиран откако вагон излета од шините и се излеа амонијак / Photo: Tanjug

Магистралниот пат и главниот пат за Пирот во Србија се затворени и ги обезбедува полицијата откако товарен воз излета од шините и од него се излеа амонијак во неделата околу 17:30 часот во близина на градот. Одделот за вонредни состојби во текот на вечерта и ноќта евакуираше 56 лица од областа.

Поради истекувањето на амонијак од вагоните кај Сопотски Хан на пругата од Пирот до село Станичење и присуството на овој гас во атмосферата кај местото на несреќата, синоќа во Пирот е прогласена вонредна состојба. Училиштата и градинките се затворени, а работниците во фабриката не отидоа на работа во прва смена.

Утрово до градот единствено може да се стигне преку селото Понор. Ниту на новинарите не им е дозволен пристап до местото на несреќата. Загрижените граѓани од синоќа на социјалните мрежи споделуваат фотографии од густ облак, заедно со коментари дека има силна миризба и дека воздухот е задушувачки.

Стабилна здравствената состојба на пациентите

Вкупно 15 пациенти со симптоми на труење се задржани во текот на ноќта во болницата во Ниш, а девет во болницата во Пирот. Според последните информации сите се стабилни и не се во животна опасност.

Апел до граѓаните

Според градоначалникот на Пирот, Владан Васиќ, присуството на амонијак во самиот град не е забележано по мерењата на пет локации, но постои во близина на местото на истекување, поради што сообраќајот се уште е во прекин, а луѓето се повикуваат да не се приближуваат до тоа локација.

Утврдено е дека четири вагони се излизгале, а дека од едниот уште тече амонијак, па се истражува можноста за негово запечатување.

Во Пирот, во присуство на министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ, се одржа состанок на Кризниот штаб за вонредни ситуации, при што до граѓаните беше упатен апел да ги почитуваат официјалните упатства и да не се приближуваат до местото на несреќата..

Еднo од нив е превентивно да не се пие водата од јавниот водовод, а во текот на денот ќе се вршат детални испитувања за нејзиниот квалитет.

Весиќ: Нема причина за паника

Министерот Весиќ утрово изјави дека причина за паника нема бидејќи ситуацијата е под контрола, додека е неопходно внимание бидејќи не се санирани сите последици.

Според соопштението на нишкиот Универзитетски клинички центар, оваа установа во текот на ноќта лекувала дванаесет возрасни лица и три деца. Меѓу нив има и еден пациент со повреда на градниот кош и еден со проблеми со срцето. Сите три деца се свесни и комуникативни, но поради иритација на респираторниот тракт, очите и кожата ќе бидат задржани на следење и лекување.

Како што е соопштено денес од Секторот за вонредни ситуации, симптоми на труење имаат и двајца пожарникари, но се чувствуваат добро и не се задржани во болница.

TRT Balkan / агенции
Популарни