Момчето К.К., кое вчера пукало во Основното училиште „Владислав Рибникар“ на Врачар во Белград, каде што загинаа осум деца и чувар, според полицијата, го планирал смртоносниот напад веќе еден месец.
Веселин Милиќ, началник на полициската управа во Белград, изјави дека вчера во 8 часот и 40 минути, по повик од помошник-директорот на училиштето, на местото на настанот биле пратени полициски патроли. Тој додаде дека во 08:42 часот полицијата ја повикало лице што се претставило со цело име и презиме и изјавило дека пукало во неколку лица.
„Кога полицијата пристигна на местото на настанот, беше утврдено дека осум ученици, седум девојчиња и едно момче, биле убиени со употреба на огнено оружје од гореспоменатото момче што ја повикало нашата служба за итна помош“, рече Милиќ.
Меѓу жртвите ученичка од француска националност
Во меѓувреме, Министерството за надворешни работи на Франција соопшти дека една ученичка од фрацуска националност е меѓу жртвите на вчерашното пукање во училиштето во Белград. „Бевме длабоко шокирани кога дознавме за пукањето во училиштето „Владисав Еибникар“ во Белград на 3 мај наутро, која резултираше со голем број жртви, меѓу кои е и една ученичка од француска националност“, наведоа од Министерството за надворешни работи на Франција, при што изразија сочувство до семејствата на страданите, а на повредените им посакаа брзо оздравување.
„Ова никогаш нема да го заборавиме“
Началник на полициската управа во Белград, Милиќ, информираше дека се повредени и шест ученици, четири момчиња и две девојчиња, како и наставничката С.Т.
„Поминаа дваесет и пет години откако воспоставив работен однос во МВР. Бев вклучен во илјадници истраги и извршени злосторства, трагедии. Ова никогаш нема да го заборавиме во српското општество и веројатно е прашање за целиот систем што е потребно да се подобри и да се направи“, нагласи Милиќ.
Според него,, К.К е лишен од слобода на самото место (2009), при што е пронајдено оружјето со кое е извршено кривичното дело. Милиќ истакна дека ова „злосторство на еден начин било планирано и организирано месец дена“.
„Според досега собраните информации, детето К.К долго го планирало извршувањето на ова кривично дело. Мотивот сѐ уште не е утврден ниту, пак, нѐ известил“, рече Милиќ. Познати деталите
Според Милиќ, момчето ја избрало училницата по историја бидејќи била во близина на влезот на училиштето, а неговото одделение го имало првиот час.
„Огненото оружје, пиштолот што досега е пронајден, калибар 9 милиметри со три рамки, како и малокалибарски пиштол, го зел од станот, од неговиот татко, го оставил во торба каде што подготвил и зел четири молотови коктели“, изјави началникот на белградската полиција.
Тој појасни дека при доаѓањето во училиштето веднаш извадил пиштол, пукал во чуварот Д.В., дежурната ученичка и ученичката што стоела во нејзина близина и уште една ученичка кој била покрај клавирот.
„Потоа продолжил по ходникот до училницата по историја, каде што попатно ја сменил рамката, влегол во училницата и веднаш пукал од вратата кон наставничката и другите ученици“, Милиќ ги откри до сега моментално познатите детали.
Тој додаде дека ученикот потоа излегол од училницата, отишол во дворот, каде што ја извадил рамката од оружјето, ја фрлил покрај скалите и повикал полиција.
Милиќ рече и дека самиот напаѓач изјавил дека планирал да го изврши ова злосторство, а доказ за тоа е и фактот што имал список со деца што планирал да ги ликвидира.
„Сам го изработил планот за влез и излез од училиштето, кој беше пронајден на неговата работна маса и ги одредил приоритетните цели“, рече Милиќ покажувајќи ја скицата и додаде дека детално по класови планирал како да влезе и по кој број по одделенијата да ги ликвидира децата.
Одговарајќи на прашањата на новинарите, тој изјави дека К.К. бил примерен ученик и пријател и немало никакви проблеми и тешкотии што би укажале на такво зло.