Ќе се тестираат и пациенти со знаци и симптоми на акутна респираторна инфекција / Photo: Reuters

Работната група на српското министерство за здравство за постапување во услови на пандемијата на ковид донесе препораки за постапување на ниво на примарна здравствена заштита и болничките установи.

Една од одлуките е задолжително носење заштитни маски во сите здравствени установи, соопшти Институтот за јавно здравје на Србија, пренесе Танјуг.

На ниво на примарна здравствена заштита, од Институтот укажаа на важноста од тестирање на пациенти со знаци и симптоми на акутна респираторна инфекција, а пред се на оние кои имаат ризик фактори за развој на тешка клиничка слика.

Донесена е одлука и за задолжително тестирање за КОВИД-19 на сите вработени во здравствените установи, доколку имаат симптоми на акутна респираторна инфекција и нивна задолжителна контрола и тестирање по инфекцијата.

На ниво на болнички установи беше одлучено тестирањето на пациентите како услов за хоспитализација да остане исто, согласно важечките Стручно-методолошки упатства за справување со состојбите од пандемијата COVID-19.

Тестирањето е неопходно за прием на хематолошки и онколошки одделенија, како и геријатриски одделенија и одделенија каде се лекуваат пациенти со примарна и тешка имунодефициенција.

Неопходно е да се тестираат сите пациенти кои имаат симптоми и знаци на акутна респираторна инфекција, во моментот на прием на болничко лекување.

Работната група зазеде став дека е неопходно да се носат заштитни маски во сите здравствени установи.

Во Србија за само три недели бројот на заразени со корона вирусот е тројно зголемен, а sпоред последните официјални податоци, за една недела во Србија имаше 1.529 нови случаи.

Tanjug
Популарни