Србија е заинтересирана за продлабочување на соработката со Саудиска Арабија, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ на средбата со министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија, принцот Фејсал бин Фархан ал-Сауд. Двајцата во Белград разговараа за соработката во областа на одбраната, воената индустрија, енергетиката, а особено во сферата на обновливите извори.
Од канцеларијата на претседателот наведено е дека Вучиќ му се заблагодарил на саудискиот министер на првата билатерална посета на Министерството за надворешни работи на Саудиска Арабија во Белград и додаде дека Србија е заинтересирана за продлабочување на соработката со кралството, кое го гледа како потенцијално важен партнер.
Говорејќи за економската соработка, соговорниците се согласија дека постојат бројни неискористени потенцијали за развој на партнерството во областа на земјоделството, туризмот, градежништвото, ИТ секторот и енергетиката, како и во сфера на обновливите извори на енергијата, за што на состанокот посебно станало збор.
Соговорниците исто така ги истакнаа и областите на воено-економската, воено-медицинската и воено-образовната соработка, која во претстојниот период би требало дополнително да ја зајакнат и унапредат.
Укажувајќи на бројните големи светски компании кои долго и успешно работат во Србија, Вучиќ упати повик и до деловните луѓе и инвеститори од Саудиска Арабија да инвестираат во Србија и да учествуваат во заеднички проекти со српските стопанственици.
Ал-Сауд додаде дека токму бизнис заедницата е клучниот фактор за изградба на добри односи помеѓу земјите и изрази интерес за јакнење на соработката во сите домени од взаемен интерес.
Соговорниците се согласија дека треба дополнително да работат на поврзување на деловните заедници од двете држави, како и дека организирање на бизнис самит на кој би учествувале успешни стопанственици и инвеститори, значително би ги унапредиле економските односи помеѓу Србија и Саудиска Арабија.
На состанокот станало збор и за начините за понатамошно унапредување и јакнење на вкупните билатерални и економски односи, но и политички дијалог на сите нивоа, како основи за подлабоко меѓусебно поврзување и разбирање во однос на прашањата важни за билатерален и мултилатерален план.