Средба на Пендаровски со Амирбајов: Во фокусот економската соработка / Photo: Кабинет на Претседателот на РСМ

Претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска го прими специјалниот пратеник на претседателот на Азербејџан, амбасадорот Елчин Амирбајов.

Како што е соопштено од Кабинетот на претседателот Пендаровски, на средбата биле разменети мислења за билатералните односи меѓу двете држави, како и за можноста за унапредување на соработката во сите сфери од заемен интерес.

Пендаровски го изразил интересот на Северна Македонија за интензивирање на економската соработка со Азербејџан, особено во областа на енергетиката. ​​​​​​​

„Претседателот Пендаровски, во контекст на македонското претседателство со ОБСЕ, ги нагласи заложбите на нашата држава за мирно решавање на конфликтот меѓу Азербејџан и Ерменија во регионот Нагорно Карабах и изрази поддршка за сите напори што водат кон мир и иницијативите што го олеснуваат дијалогот“, се додава во соопштението.

TRT Balkan / агенции
Популарни