Претседателот на Србија Александар Вучиќ во Белград се состана со заменик помошникот на американскиот државен секретар и специјалниот претставник на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар.     Фото: Танјуг

Претседателот на Србија Александар Вучиќ се состана со заменик помошникот на американскиот државен секретар и специјалниот претставник на Соединетите Американски Држави (САД) за Западен Балкан Габриел Ескобар со кој разговараше за актуелните случувања во рамките на процесот за нормализација на односите со Приштина, можностите за продолжување на дијалогот и изнаоѓање на одржливи решенија.

Како што е соопштено од кабинетот на Вучиќ по состанокот, претседателот на Србија уште еднаш ја истакнал полната посветеност на Србија за продолжување на процесот на дијалогот и решавањето на отворените прашања помеѓу Белград и Приштина, со акцент на потполната примена на досега потпишаните договори во Брисел и почитувањето на меѓународното право.

„Специјалниот претставник на САД Габриел Ескобар изрази очекување дека дијалогот на Белград и Приштина за сите отворени прашања и севкупна нормализација на односите ќе продолжи динамично и конструктивно, што е значително, како за граѓаните, така и за севкупниот мир, стабилноста и напредокот на регионот, со брзо завршување на преговорите“, соопштено е од кабинетот на Вучиќ.

AA
Популарни