Францускиот претседател Емануел Макрон на 29 и 30 август ќе престојува во посета на Србија и ќе се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ. Информацијата за посетата на Макрон ја објави Службата за соработка со медиумите на српскиот претседател.
Се очекува економските и воените теми да доминираат во разговорите Вучиќ-Макрон. Особено по договорот за набавка на француски воени авиони “Рафал” од страна на Србија и намерите за реализација на проектот за изградба на белградското метро.
Темата за купување на воените авиони стана актуелно по Самитот на еврпската политичка заедница кој неодамна се одржа во Велика Британија. Македон тогаш изјави дека ќе ја посети Србија за да се финализираат техничките и финансиските детали.
Се очекува Србија за набвката на авионите да издвои до три милијарди евра.