Намалено нивото на водата на една од најдолгите реки во Европа, реката Дунав, со ризик од пресушување се соочуваат изворите на реката Миљацка во Сараево, а од сушата е погодена и реката Сава во Загреб. Ова е сликата за реките од регионот, предизвикана од сушата која последниве месеци зафати многу земји во светот.
Континуираната суша негативно се одрази на нивото на реката Дунав, една од најдолгите реки во Европа. Коритото на реката Дунав, во градот Нови Сад, во Србија, според податоците на Хидрометеоролошката агенција на Србија, паднало за минус 4 сантиметри. Како што соопштија пред неколку дена, условите за пловидба по Дунав кај Нови Сад се неповолни. Најниското ниво на реката Дунав, во овој дел на Србија, од минус 134 сантиметри е забележано на 10 јануари 1909 година.
Речиси пресуши изворот на Миљацка
Со ризик од пресушување се соочува изворот на реката Миљацка во Босна и Херцеговина, која минува низ главниот град Сараево, како последица на високите температури во изминатиот период. Ризикот од пресушување на реката што минува низ центарот на градот негативно се одразува врз околината. Поголемиот дел од оваа река долга преку 35 километри минува низ Сараево.
Од суша погодена и реката Сава во Загреб
Долготрајните високи температури имаа влијание врз нивото на реклата Сава кај Загреб, а оваа година пресуши и малото езеро Бундек кое е поврзано со реката.
Анализите на Хидрометеоролошкиот завод на Хрватска, велат дека Медитеранот е најзагрозен од летните суши.
Во многу земји низ светот, вклучително и во САД, во различни делови на Европа, како и на Блискиот Исток, пресушија извори на бројни реки или се намали нивото на нивните речни корита.