Над 580 000 автомобили „Рено“ беа произведени во фабриката во Ново Место, Словенија / Photo: Reuters Archive

Влезот на инвестиции од автомобилската индустрија е еден од најголемите предизвици за економиите на државите од регионот. Владите се трудат да привлечат некој од автомобилските гиганти бидејќи тоа значи силен позитивен инпут, подобрување на имиџот на државата и отворање на многу нови работни места.

Во минатото повеќе компании имаа свои производни линии на Балканот. Меѓу нив „Цитроен“, „Рено“, „Фолксваген“. Поранешна СФРЈ била често посакувана дестинација за овие компании, други пак како „Бугати“ преку партнери од регионот сега се присутни на пазарот.

Римац доминантен сопственик на „Бугати“

„Римац Аутомобили”, од Хрватска е меѓу светските лидери за производство на електрични автомобили. Оваа компанија во 2021 година купи 55 отсто од „Бугати”.

Познатиот светски бренд од автомобилската индустрија се подели на два дела „Бугати Римац” и „Римац Технолоџи”.

Автомобилите на Бугарти Римац станаа атракција во Хрватска Reuters Archive

„Бугати Римац” има 430 вработени во Загреб и францускиот град Молсхајм. Сепак делот за истражување и развој се префрли во Хрватска, додека производството остана во Франција.

„Цитроен“ и „Рено“ во Словенија

Еден од најпопуларните модели на „Цитроен“, популарниот „ДС” наречен ајкула или жаба, освен во Франција од каде што потекнува, се произведувал и во Словенија. Фабриката се наоѓала во Копер. Освен моделот „ДС” се произведувале и „CX”, „AX” „Дијана”.

„Цитроен“ не е единствениот производител на автомобили од Франција кој работел во поранешна Југославија, односно во Словенија. Тоа е случај и со „Рено”.

Фабриката на „Рено” била во Ново Место. Таму се произвеле близу 580. 000 автомобили „Рено 4”.

150.000 примероци на „Голф“ од ТАСС Сараево

Босна и Херцеговина во минатото беше позната по производство на автомобилите „Голф”. Се произведуваа во „ТАС” Творница аутомобила Сараево.

ТАС прво произведувал примероци од популарниот „Фолксваген Буба”, а од 1967 до 1985 година биле произведени околу 150.000 примероци „Голф”.

„Фиат“ од Крагуевац

Компанијата „Фиат Крајслер” е основана 2008 година, а со работа почна во 2012 година. Се работи за партнерска компанија во која „Фиат“, групацијата од Италија поседува 67 отсто, а владата на Србија 33 отсто.

Една милијарда ера за производство на автомобили инвестираше Фиат во Србија Reuters Archive

Фабриката е во Крагуевац, каде некогаш се наоѓаше популарната „Застава” од поранешната СФРЈ, а инвестицијата на „Фиат“ изнесуваше 1,3 милијарди евра, од кои една милијарда за производство на автомобили. Корона кризата ги предизвика најголемите потреси во фабриката.

Кинескиот „Great Wall” отвори фабрика во Бугарија

Автомобилите произведени во Бугарија требаше да се продаваат во околните земји Reuters Archive

„Great Wall” од Кина во 2012 отвори фабрика во Бугарија. Планот беше да произведува 50.000 автомобили годишно и да се вработат околу 2.000 работници. Кинеската инвестиција изнесуваше 32,5 милиони евра. Автомобилите се продаваа во државите од регионот.

Сепак во 2017 година „Литекс моторс” бугарската компанија во Ловеч во која се произведуваа автомобилите поднесе барање за стечај. Главната причина за барањето за стечај беше избегнување на плаќањата по тужбите поднесени против фабриката.




TRT Balkan / агенции
Популарни