Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) ја продолжува својата поддршка во областа на образованието во Северна Македонија.
Во овие рамки беше реализирано свеченото отворање на Проектот за реконструкција и опремување на амфитеатарот на Педагошкиот факултет „Климент Охридски“ при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје.
На отворањето на овој проект учествуваа поранешниот претседател на Големото народно собрание на Туркије (ТБММ), Мустафа Шентоп, потпретседателот на ТИКА, Махмут Чевик, деканот на Педагошкиот факултет, проф. д-р Билјана Камчевска, претставници на турски организации и институции во земјата, професори и студенти, а модератор на програмата беше поранешниот министерот без ресор во Владата на Северна Македонија и професор на овој факултет, проф. д-р Аднан Ќахил.
Поранешниот претседател на ТБММ, Шентоп, упати честитки по повод 21 Декември - Денот на наставата на турски јазик во Северна Македонија и рече дека по тој повод секоја година е во Скопје веќе 15 години.
Шентоп рече дека Туркије ја поддржува Северна Македонија од првиот ден кога Северна Македонија ја прогласи својата независност, застана покрај неа, го поддржа нејзиното членство во многу меѓународни институции и организации и ќе продолжи да ја поддржува.
Истакнувајќи дека ТИКА, која го санираше амфитеатарот на Педагошкиот факултет „Климент Охридски“, е организација која демонстрира конкретни примери на соработката меѓу Туркије и Северна Македонија, Шентоп нагласи дека ТИКА е подадената рака на хуманитарниот и совесен надворешнополитички пристап на Туркије ширум светот, и дека е нејзиниот најважен меѓународен бренд.
Шентоп истакна дека во различни делови на светот, пример во Европа и во САД, сѐ уште има луѓе кои се подложени на различен третман поради нивните различни религии, јазици и раси.
„Иако имаме различни јазици, различни верувања, религии и различно етничко потекло, 600 години живеевме заедно како браќа. Република Северна Македонија исто така го одржува ова разбирање. Како луѓе со култура на соживот во мир, ние сме луѓе кои со векови го реализиравме и спроведувавме соживотот што тие го опишуваат како идеален во своите книги. Во таа насока, нашата убава историја и добриот став на Република Северна Македонија го покажуваме како пример за многу земји“, нагласи Шентоп.
Истакнувајќи дека светот се наоѓа на прагот на значајна трансформација, Шентоп додаде:
„Меѓународниот поредок на 20 век и неговите парадигми во однос на светот и човештвото се пропаднати. 20 век е најкрвавиот век во историјата на човештвото. Европејците убиле над 100 милиони луѓе само во Првата и Втората светска војна. Светскиот поредок, изграден на крв и солзи, предизвика конфликти, масакри и геноциди во многу земји во втората половина на 20 век. Ова е она што го гледаме во руско-украинската војна. Тоа го гледаме во геноцидот што го врши Израел во Палестина.“
Наведувајќи дека меѓународниот поредок и неговите институции како што се Обединетите нации, не можат да ја запрат руско-украинската војна и геноцидот на Израел во Палестина и во Газа, Шентоп рече: „Политичарите од западните земји застанаа на страната на угнетувачот и извршителот на масакрот, наместо на страната на угнетените.“
Потпретседателот на ТИКА, Чевик, нагласи дека на Педагошкиот факултет наставата се одвива на македонски, албански и турски јазик.
„Најголемата потреба на регионот е културата на соживот да продолжи, да се одржува и да биде одржлива. Се надевам дека во оваа сала ќе се развијат нови генерации кои ќе придонесат за мирот и спокојството во регионот, ќе ја развиваат културата на соживот во наредниот период и дека овие генерации ќе придонесат и за мирот во Туркије, регионот и за глобалниот мир“, додаде тој.
Деканот на Педагошкиот факултет, Камчевска, говореше за работите кои ги реализираат како факултет.
„Ќе ми дозволите да ја изразам мојата огромна благодарност на ТИКА за вложените средства и труд да го оплемени нашиот амфитеатар и да го претстави во простор во кој со задоволство ќе ги организираме нашите манифестации и свечености за разни пригоди и ќе остваруваме наставна дејност со нашите студенти“, рече таа.
- Проект за реконструкција и техничко опремување на мултимедијална лабораторија на Факултетот за ликовни уметности
ТИКА го реализирање и свеченото отворање на Проектот за реконструкција и техничко опремување на мултимедијална лабораторија на Факултетот за ликовни уметности при УКИМ Скопје.
На овој настан учествуваа потпретседателот на ТИКА, Махмут Чевик, деканот на Факултетот за ликовни уметности, проф. д-р Славица Јанешлиева, претставници на турските организации и институции во земјата, професори и студенти.
Чевик за медиумите истакна дека ТИКА веќе 18 години реализирала околу 1.200 проекти во Северна Македонија.
„Го поддржавме реновирањето и опремувањето на Мултимедијалната лабораторија на Факултетот за ликовни уметности на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, кој е највкоренет универзитет во Северна Македонија. На младите кои штотуку ги видовме им овозможивме да добијат квалитетно образование преку подобрување на основните и работните услови кои ќе им помогнат да се развијат како уметници и сликари“, рече Чевик.
Деканот Јанашлиева говореше за проектите кои ги реализираат како факултет.
„Огромна привилегија е да ја имаме ТИКА за соработик. Тоа е еден фантастичен и амбициозен проект којшто го помага високото образование и воопшто образованието. Да се има лабораторија којашто е современа и којашто ни нуди можности да можеме да следиме современа настава и да им понудиме на нашите студенти современа настава во доменот на мултимедијалните уметности и новите медиуми е од огромно значење бидејќи помага во создавањето на поквалитетен кадар којшто е во тек со современите трендови“, додаде Јанашлиева.