Во изјава за медиуми по отворањето на Регионалниот центар К9 во Полицискиот центар Ѓорче Петров, Тошковски посочи дека службите проследуваат соодветни информации до надлежните.  Фото: Архива

Министерството за внатрешни работи е подготвено да одговори на секакви предизвици во иднина. Предизвици кои што ќе бидат насочени кон дестабилизација на Македонија, доколку ги има како такви во реалноста, жестоко ќе одговориме, изјави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

Во изјава за медиуми по отворањето на Регионалниот центар К9 во Полицискиот центар Ѓорче Петров, Тошковски посочи дека службите проследуваат соодветни информации до надлежните.

„Службите во рамки на институционалните форми кои што ги имавме во државата, а се занимаваат со овој тип на надлежност, проследуваа и проследуваат соодветни информации до надлежните раководни органи во рамки на истите. Тие беа споделувани соодветно и со премиерот и со претседателката. Така што, сето она кое што сме го говореле во минатото, од аспект на обиди какви што веќе видовме во овие месец дена, за подгревање на меѓуетнички тензии, дека се реалност, соодветно одговоривме, соодветно ќе одговориме и во иднина. Кога велам соодветно одговараме, велам дека МВР ги има соодветните капацитети за да одговори на начин на кој што ќе биде потребно сè со цел сите граѓани да се чувствуваат безбедно и мирно и во рамки на тој безбеден и мирен систем да ги остварува правата“, рече министерот.

TRT Balkan / агенции
Популарни