Во извештајот на Транспаренси Интернешнл опфатени се 180 земји / Photo: transparency.org

Во најновиот извештај на Транспаренси Интернешнл кој се однесува на 2023 година Црна Гора најдобро котира во борбата против корупцијата меѓу земјите од регионот. Во извештајот објавен денеска опфатени се 180 земји во светот со скала на оцени на индексот на корупција од 0 што означува многу корумпирана до 100 што означува многу чиста земја кога е во прашање корупцијата. Оваа скала го мери нивото на корупција во јавниот сектор во земјата.

На оваа скала Црна Гора со индекс на корупција 46 е рангирана на 63 место. Индексот на корупција во оваа земја годинава е за еден поен подобар во однос на 2022.

Потоа следува Северна Македонија која со индекс 42 се наоѓа на 76 место во светот. Ова е подобар индекс за два поени во однос на 2022.

Седум позиции полошо рангирање од Северна Македонија има Косово. Се наоѓа на 83 место со индекс 41. Иста индекс на корупција имаше и во 2022.

Албанија е рангирана како 98 со индекс од 37 и тоа е всушност за еден поен подобар индекс во однос на 2022.

Србија е рангирана на 104 место со индекс 36. Кај Србија нема промени во однос на 2022.

Најлошо е рангирана Босна и Херцеговина. Оваа држава се наоѓа на 108 место. Со индекс 35. Во 2022 Босна и Херцеговина индексот на корупција беше за еден поен повисок.

Словенија најдобро котира меѓу ЕУ членките од опкружувањето

Од земјите од Словенија е најдобро рангирана. Таа е на 42 место со индекс 56. Хрватска со индекс 50 е рангирана на 57 позиција. Kaj Грција има пад за три поени во однос на 2022. Грција е позиционирана на 59 место со индекс 45. Бугарија со ист индекс на корупција 45 е позиционирана на 67 место.

Најниска корупција во Данска

Во светски рамки антикорупционерите измериле најниска корупција во Данска. Оваа земја е оценета со индекс 90. Потоа во првите десет следуваат Финска (87), Нов Зеланд (85), Норвешка (84), Сингапур (83), Шведска (82), Швајцарија (82), Холандија (79), Германија (78) и Луксембург (78). Најлошо рангирана земја во светот кохга е во прашање корупцијата е Сомалија со индекс 11.


TRT Balkan / агенции
Популарни