ТРТ Балкан доби признание за промоција на Северна Македонија / Photo: TRT Balkan

Дигиталниот канал на Турската радио-телевизија, ТРТ Балкан, од Министерството за економија на Северна Македонија доби признание за промоција на Северна Македонија.

Министерството за економија на Република Северна Македонија по повод Светскиот ден на туризмот - 27 септември во Скопје одржа настан на кој им додели признанија за учесниците во туристичко-угостителскиот процес за 2023 година.

Дигиталниот канал ТРТ Балкан го доби признанието за промоција на Северна Македонија за видеото кое го објави на своите дигитални платформи. Во видеото се истакнуваат историските, природните, културните и туристичките убавини на земјата.

ТРТ Балкан доби признание за промоција на Северна Македонија TRT Balkan

Државниот секретар на Министерството за економија Размена Чековиќ Дуровиќ и ја врачи наградата на директорката на меѓународните платформи за дигиталните вести на ТРТ Бану Озбек-Аџар.

На настанот свои обраќања имаа државната секретарка Чековиќ Дуровиќ и директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Љупчо Јаневски, а присуствуваа претставници на туристичко-угостителскиот сектор и други поканети гости.

TRT Balkan
Популарни