Турскиот министер за трговија Болат во посета на Северна Македонија / Photo: AA

Министерот за трговија на Туркије, Омер Болат, во Скопје се сретна со министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Северна Македонија, Тимчо Муцунски.

Министерот Болат, кој денес престојува во Скопје за да учествува на Бизнис-форумот Туркије-Северна Македонија и на официјални средби, ја оствари првата средба со министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Северна Македонија, Муцунски.

Во објавата на својот профил на X по состанокот Болат истакна:

„За време на нашиот состанок се договоривме да го прошириме опсегот на постојниот Договор за слободна трговија. Сакаме да го зголемиме обемот на билатералната трговија и заемните инвестиции со Северна Македонија, која ја гледаме како еден од нашите важни партнери на Балканот.“

Омер Болат - Министер за трговија на Туркије

„Во овој контекст, нашите градежни компании, кои имаат значително меѓународно искуство, се подготвени да учествуваат во инфраструктурни и развојни проекти поврзани со Планот за раст на Европската Унија за Западен Балкан. Туркије, исто така, е подготвена да ја продлабочи соработката со Северна Македонија во области, како што се одбранбената индустрија, дигитализацијата во царината и областите што тесно се поврзани со нашиот деловен свет“, напиша тој.

По тет-а-тет средбата на Болат и Муцунски се реализира и средба и меѓу делегациите.

TRT Balkan / агенции
Популарни