Унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој престојува во официјална посета на Северна Македонија, беше примен на средба од македонскиот премиер Христијан Мицкоски во премиерската вила во Охрид.
Според најавената агенда, по тет-а-тет средбата ќе следува меѓувладина седница на делегациите на двете држави, по што Мицкоски и Орбан ќе се обратат на заедничка прес-конференција.
За време на посетата ќе се реализираат и низа билатерални средби меѓу министрите на Северна Македонија и нивните колеги од унгарската делегација.
Како што информираат од Владата, во рамките на дводневната посета на унгарската делегација предвидена е прошетка и низ градот Охрид, посета на црквата „Богородица Перивлепта“, Античкиот театар и комплексот на манастирот „Свети Наум“, како и положување цвеќе на двајцата премиери пред споменикот на свети Кирил и Методиј во Охрид.
Унгарија во моментов е земја претседавач со Европската Унија (ЕУ).
Премиерот Орбан последен пат официјално ја посети Северна Македонија во 2013 година, кога беше одликуван со наградата „8 Септември“ за исклучителни заслуги во развојот на пријателските односи и соработката меѓу двете земји. Му ја врачи тогашниот претседател Ѓорге Иванов.
27 сеп 2024
Унгарскиот премиер Орбан примен од премиерот Мицкоски
За време на посетата ќе се реализираат и низа билатерални средби меѓу министрите на Северна Македонија и нивните колеги од унгарската делегација
AA
Поврзани новости
Написи во тренд во оваа категорија
Фицо- Вучиќ во Белград: Словачка и Србија можат да се потпрат една на друга
Би сакал на Србија да ѝ го понудам уникатното искуство на Словачка од пристапните преговори, направивме трагични грешки во процесот што ја ослабна, на пример, нашата енергетска безбедност, изјави Фицо на прес-конефернцијата со српскиот претседател
РКЕ: Издадени 254 лиценци за производство на електрична енергија
За 10 месеци низ регулаторниот филтер поминати се 254 барања од инвеститори кои ја имаат комплетирано потребната документација и за кои се издадени лиценци за нови фотоволтаични централи за производство на електрична енергија од обновливи извори.
Што друго би сакале да знаете?
Популарни