Велика Британија ќе потпише договори со три земји од Западен Балкан, Северна Македонија, Србија и Косово, за спречување на криумчарење мигранти.
Информацијата за договорите за сузбивање на илегалната миграција ја соопшти британската влада, а според пишувањата на Би Би Си премиерот Кир Страмер на Самитот на европската политика заедница во Будимпешта треба да ги објави плановите и да ги повика европските лидери на заедничка акција за намалување на бројот на смртни случаи при илегална миграција.
„Постои криминална империја која работи на нашиот континент, која бара ужасни човечки жртви и ја поткопува нашата национална безбедност“, изјави Кир.
Важноста на овие договори ја истакна и секретарот за внатрешни работи на Велика Британија Ивет Купер
„Поблиску соработувајќи со Србија, Северна Македонија и Косово, ќе споделуваме информации и разузнивачки информации и ќе работиме преку границите на мапирањето што се случува и каде, за да ги разбиеме”, изјави Купер.
Договорите треба да ја зголемат размената на разузнавачки информации и соработката со Србија, Северна Македонија и Косово со цел пресретнување на мигрантите.
Според британската влада, регионот Западен Балкан е клучна рута што ја користат оние кои илегално завршуваат во Европската унија или Велика Британија. Според владата на Велика Британија 100.000 мигранти транзитирале низ Западен Балкан минатата година.
Велика Британија веќе има склучено ваков договор со Албанија и Туркије, за споделување разузнавачки информации за попречување на криумчарење мигранти.