Во текот на вчерашниот ден, четврток, имаше вкупно 34 пожари на отворен простор, од кои активни се 6, под контрола е 1 и изгаснати се 27, информира ЦУК.     Фото: АА Архива / Photo: AA Archive

Во текот на вчерашниот ден, четврток, имаше вкупно 34 пожари на отворен простор, од кои активни се 6, под контрола е 1 и изгаснати се 27, информира македонскиот Центар за управување со кризи (ЦУК).

Активни се шест пожари:

1. Општина Прилеп: с.Пештани – с.Кокре – с.Кален – с.Дуње – с.Бонче – с.Крушевица – с.Волково – с.Штавица – с.Прилепец-с.Чумово-с.Селце. Активни се краците према с.Крушевица, с.Чумово, с.Селце и према м.в. Чуле на Селечка Планина. (нискостеблеста вегетација, сува трева и борова шума);

2. Општина Чашка: Планина Мукос – с.Оморани (локализиран), с.Степанци (под контрола), с.Ораов Дол (активен) (ниска вегетација, мешана борова и липова шума);

3. Општина Петровец: с.Градманци – с.Брезница – с.Катланово (нискостебелста шума);

4. Општина Штип: с.Хаџи Хамзали – с.Едеклерци – с.Топлик, полигон Криволак (нискостеблеста шума, смреки и сува трева);

5. Општина Чучер-Сандево: с.Танушевци, м.в.Рамно (мешана шума);

6. Општина Долнени: с.Десово (сува трева и мешана шума);

Под контрола е еден поажр:

1.Општина Крушево: Градска депонија (депонија)

Изгаснати се 27 пожари според ЦУК.

TRT Balkan / агенции
Популарни