Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто наведе дека бројот на мигрантите е „огромен“ и дека Унгарија оваа година на границата со Србија морала да запре 195.000 илегални мигранти, што не е ниту блиску со бројката во однос на претходната година.     Фото: АА

Србија, Унгарија и Австрија споделуваат голема загриженост поради мигрантската криза бидејќи бројките експлодираа и можат да се споредуваат со 2015 година, истакнато е на прес-конференцијата по повод Трилатералниот состанок на Србија, Австрија и Унгарија за поефикасно управување со процесите на миграциите кој е одржан во Белград.

Српскиот министер за внатрешни работи Александар Вулин оцени дека притисокот на границите е огромен и дека не се работи за хуманитарна криза, туку за „криминални банди“ кои ја злоупотребуваат тешката положба на луѓето и ги кршат меѓународните прописи.

Тој истакна дека Србија, Унгарија и Австрија, за да ја заштитат не само територијата, туку и начинот на живот на своите граѓани, мораат да делуваат заедно, стриктно почитувајќи ги меѓународните и домашните закони.

„Србија од почетокот на мигрантската криза покажа дека е многу хумана, солидарна и организирана, но и дека нема да дозволи да стане паркинг за мигрантите и дека нема да дозволи секојдневниот начин на нашите граѓани да се менува на било кој начин“, рече Вулин.

Министерот за внатрешни работи на Австрија Герхард Карнер истакна дека прекуграничниот криминал бара и прекугранична соработка.

Според него, Австрија е многу погодена од кризата во однос на на прашањето на миграциите и дека во првите неколку месеци оваа година се поднесени 58.000 барања за азил, воглавно граѓани од земјите кои не ги исполнуваат условите за добивање азил, како што се Тунис, Мароко и Индија.

Австрискиот министер укажа дека Австрија, Унгарија и Србија адекватно ќе соработуваат на заштита на границите и напомена дека австриските полицајци и полицајки учествуваат во заеднички патроли на границите на Австрија со Унгарија и на границата на Србија и Унгарија.

Унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијарто рече дека Унгарија е изложена на двојно зголемен притисок бидејќи од истокот постојано пристигнуваат бегалци поради војната во Украина и наведе дека до сега во Унгарија стигнале милион и пол луѓе, а дека истовремено јужната граница на Унгарија, со Србија, е под исклучителен притисок, „дури би можеле да се рече - опсада“.

Тој истакна и дека тоа не е претерување бидејќи илегалните мигранти и криумари на луѓе се вооружиле и „користат оружје против чуварите на границите“.

Наведе дека бројот на мигрантите е „огромен“ и дека Унгарија оваа година на границата со Србија морала да запре 195.000 илегални мигранти, што не е ниту блиску со бројката во однос на претходната година.

Шефот на унгарската дипломатија истакна дека досегашната политика на Брисел „наклонета кон мигрантите“ сега се надополнува со економската криза што доведува до криза со снабдување на намирниците.

Сијарто потенцираше дека таканаречената „Балканска рута“ на миграции стана доминантна и наведе дека најголемиот дел на мигрантите во Европа стигнуваат по таа рута.


Нагласи дека за Унгарија тоа не е прашање на човековите права и оцени дека се во прашање кривични дела бидејќи „илегално преминување на границата не е човеково право туку кршење на законите.

Додаде дека Унгарија со Австрија и Србија не ги брани само границите на тие земји туку и границите на ЕУ и истакна дека целта е линијата на таа одбрана да се помести јужно.

Поради тоа, наведе Сијарто, Унгарија, Австрија и Србија се договориле да ги обединат силите и уште подобро да ја обезбедат границата помеѓу Србија и Северна Македонија.

Сијарто заклучи дека соработката мора да поприми поинакви димензии и дека мора да формира сила која ќе биде способна да ја на Србија и Северна Македонија.

Делегацијата на Австрија и Унгарија на овој состанок ја предовда сојузниот министер за европски и меѓународни работи на Австрија Алексадер Шаленберг и министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија Петер Сијарто, а делегацијата на Србија ја сочинуваа министерот за надворешни работи Никола Селаковиќ, министерот за внатрешни работи Александар Вулин, министерот за одбрана Небојша Стефановиќ и директорот на Безбедносно-информативната агенција Братислав Гашиќ.

AA
Популарни