Бројот на загинати во нападите што ги започна Израел на 5 август во Појасот Газа, кој е под блокада, се искачи на 32.
Палестинското Министерство за здравство преку писмено соопштение даде информации во врска со загубата на животи како резултат на израелските напади во Газа.
Во соопштението се вели дека во израелските напади во Газа досега загинале 32 лица, од кои шест деца и четири жени.
Во ова соопштение се наведува дека бројот на повредени се искачи на 253, а не се споделени информации за нивната состојба.
Портпаролот на палестинското Министерство за здравство во Газа, Ешреф ал-Кудра, во изјава за медиумите истакна дека здравствените услуги се под закана, и дека имаат потешкотии со снабдување со лекови и медицински средства.
Кудра нагласи дека Израел намерно како цел ги има цивилите.
Според него, здравствениот систем е сериозно погоден поради долгогодишната блокада на Израел, додека по последните напади, ситуацијата е влошена уште повеќе.