Кога беше откриен 40 метри долгиот тунел за бегство кој го подготвувале затвореници од затворот Идризово многумина рекоа дека на ова би им завиделе и оние кои го организираа бегството од Алкатраз во 1962 година.
Зачудува фактот дека копањето неколку месеци не било забележано од надлежните. Но ако се има предвид фактот како земјава котира кога се во прашања бегствата од затворите, тоа е дел од вообичаениот амбиент.
Северна Македонија неславен лидер во казнената статистика
Во македонските затвори често се влегува, но од нив и многу се бега, покажуваат податоците од извештаите на Советот на Европа.
Земјава во 2019 беше неславен лидер во казнената статистика. Односно во просек од 10 000 затвореници бегаат 691.
За три години ситуацијата дури и се влошила. Во 2022 сме во групата земји со стапка на бегства од над 25 проценти на 10 000 затвореници. Од земјите од регионот тука се и Грција, Хрватска, Словенија. Но и развиени европски држави како Шведска, Данска, Норвешка.
Зголемена стапка на затвореници во затворите
Осетно е зголемена и стапката на затвореници во македонските затвори. Односно во земјата има околу 142 затвореници на 100 000 жители.
Сепак во регионот има држави и со повисока стапка. На прво место е Албанија со 178.5, а потоа следуваат Црна Гора со 168, Србија со 61.9, Хрватска со106.2, Бугарија со 100.8, Грција со 100.7, Словенија со 67.8