Во напуштен камион во Бугарија пронајдени 18 мртви нерегуларни мигранти / Photo: AA Archive

Во камион што беше на ливада во селото Кокорско во близина на главниот бугарски град Софија, пронајдени се 18 безживотни тела на нерегуларни мигранти.

На камионот биле бугарски регистарски ознаки. Се верува сека се работи за нерегуларни мигранти од Авганистан.

Министерството за внатрешни работи на Бугарија објави дека во камионот имало 40 мигранти а преживеаните се префрлени во болница.

Се истражува причината за смртта на мигрантите, кои се криеле во еден дел од камионот натоварен со дрва.

Камионот што возачот го напуштил, пронајден е по дојава на граѓаните. Бугарската полиција покрена истрага за случајот.

TRT Balkan / агенции
Популарни