Студентите од Нови Сад денеска организираа протест и одржаа петнаесетминутен помен за 15. лица кои загинаа при падот на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад.
Тие се собраа во 10 часот на платото меѓу Техничкиот и Правниот факултет, од каде пешачеа до раскрсницата на булеварот Цар Лазар и булеварот Ослободување, која ја блокираа до 11:52 часот кога започна комеморацијата за починатите.
Седницата на Собранието на Нови Сад требаше да се одржи денеска, но таа беше одложена.
Барањата на студентите во Србија се објавување на целата документација за реконструкција на Железничката станица во Нови Сад, отфрлање на обвиненијата против студенти, активисти и граѓани уапсени и приведени за време на протестите.
Бараат и поднесување кривични пријави за сите напаѓачи на студенти, професори и граѓани на претходните комеморативни собири и протести.