Во Охрид почина поранешниот премиер на Шкотска, Алекс Салмонд / Photo: AA Archive

Денеска во Охрид ненадејно почина поранешниот премиер на Шкотска, Алекс Салмонд,

Салмонд во Охрид учествуваше на вториот Форум за културна дипломатија коорганизиран од Кабинетот на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, каде што вчера имал свое излагање.

Од Кабинетот, за новинската агенција МИА, соопштено е дека вечерва се одржува комеморација, на која свои обраќања ќе имаат и Иванов, заменик-генералниот секретар на Обединетите нации и висок претставник на Алијансата на цивилизациите на ОН, Мигел Анхел Моратинос. На комеморацијата, како што наведува агенцијата, ќе присуствува и претседателката на Северна Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова.

Инаку, Алекс Салмонд, функцијата прв министер на Шкотска ја извршуваше во периодот од 2007 до 2014 година.

AA
Популарни