На припадник на граничната полиција на Косово рано утрово му е запален автомобилот во Северна Митровица.
Заменик-директорот на косовската полиција за регионот север, Ветон Елшани, за Анадолу потврди дека е подметнат пожар на автомобил во Северна Митровица.
„Утринава околу 5:30 часот дојде до подметнување пожар на возило на припадник на косовската гранична полиција“, изјави Елшани.
Тој додаде дека засега нема осомничени и дека полицијата работи на расчистување на случајот.
Како што пренесуваат локалните медиуми, сопственик на запаленото возило е полицаец од српската заедница, кој не ја напуштил косовската полиција кога локалните Срби ги напуштија косовските институции во ноември 2022 година.
AA