Во Скопје одбележана 21 година од формирањето на ЕБР     Фото:  МВР на Северна Македонија

Во полицискиот центар „Ѓорче Петров“ во Скопје се одржа свечена церемонија на која Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија одбележа 21. година од формирањето на Единицата за брзо распоредување (ЕБР).

Во своето обраќање пред присутните министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, истакна дека ова не е само датум на кој се слави денот на формирањето на единицата туку нејзините бројни достигнувања.

„Со особен пиетет пред сите вас би сакал да ја истакнам улогата, професионалноста, посветеноста, пожртвуваноста, квалитетот на знаења и вештини на припадниците на Единицата за брзо распоредување, чиишто одлики и широки оперативни перформанси се поистоветуваат и се на исто рамниште со истородните полициски формации на полициите од Европа и светот“, изјави Спасовски.

Министерот Спасовски потенцираше дека полициската професија секојдневно е соочена со безброј предизвици на кои треба веднаш да се одговори, како на „неодамнешните насилни протести, на кои ЕБР уште еднаш ја покажа својата професионалност и посветеност во зачувување на безбедноста на институциите и граѓание на државата.“

„Полициските службеници кои беа на браникот на државните институции, меѓу кои, за жал, имаше и повредени, најпластично ја демонстрираа непоколебливоста, подготвеноста, храброста и жртвата на полициската професија за заштита на државата и за гарантирање на безбедноста на граѓаните, за што и во оваа прилика бескрајно сме горди на вас и ви благодариме“, истакна министерот Спасовски.

Командантот на Единицата за брзо распоредување Вице Столески потсети дека од нејзиното формира до денес, ЕБР е вклучена во извршување на многубројни сложени и ризични безбедносни задачи, кои помогнаа единицата да се зацврсти и изгради како фактор на безбедноста на граѓаните и еден од столбовите за стабилноста на државата.

Командантот Столески ги презентираше сите задачи со кои се занимава единицата, кои можат да ги извршуваат само мотивирани и добро обучени полициски службеници, а согласно со новите текови – членството на НАТО и процесот на евроинтеграција на државата се отвораат големи можности и планови за ЕБР.

TRT Balkan
Популарни