Во рамките на Неделата на Чамите во Скопје денес беше организиран собир за Чамерија пред грчката амбасада.
Десетици лица се собраа пред грчката амбасада во Скопје со цел да изразат протест за грчкиот геноцид врз Чамите и прекршувањето на нивните права.
Денешниот собир е дел од разните активности организирани во Северна Македонија во рамките на Неделата на Чамите што се спроведува од 21 до 27 јуни.
Собирот пред амбасадата беше мирен и немаше инциденти, а насобраните лица имаа облека со елементи на Чамерија и албанското знаме.
Во писмото до Амбасадата на Грција во Скопје, кое во име на организаторите го прочита Афан Шерифи, се наведува дека Албанците од Чамерија била масакрирани и прогонети од нивната земја при геноцидот извршен од страна на грчката војска ЕДЕС предводена од Наполеон Зерва во 1944 година.
Во тоа време грчката држава ги обвинуваше Чамите дека се соработници на германските нацисти, обвинение што, како што рече Шерифи, никогаш не било потврдено од страна на грчката држава.
„Упатуваме апел до Европската комисија и Европскиот парламент да ја повика Грција како членка на ЕУ да престане со етничката и верската дискриминација на Чамите, на кои им се негираат сите човекови права, па дури и посета на Грција како туристи”, рече Шерифи, додавајќи дека без решавање на прашањето на Чамите никогаш ќе нема пријателство и искрено соседство меѓу двата народа.
Неделата на Чамите во Северна Македонија е организирана од совет составен од неколку невладини организации под мотото „Ја сакам Чамерија” (I love Çamëria).