Конференцијата „Иднината на Европа и Балканот“ се одржа во Скопје.
Организатор на Конференцијата беше Сојузот на турските невладини организации на Македонија (МАТУСИТЕБ).
Модератор на конференцијата беше пратеникот во парламентот на Северна Македонија, Салих Мурат, а свои обраќања имаа поранешниот претседател на Големото национално собрание на Туркије, Мустафа Шентоп, поранешниот претседател на Собранието на Северна Македонија Талат Џафери и претседателот на МАТУСИТЕБ, Тахсин Ибрахим.
Шентоп обраќајќи им се на учесниците на конференцијата истакна:
„Ние сме деца на оваа земја и затоа нашите срца се секогаш тука и доаѓаме тука секогаш кога за тоа имаме можност“.
Осврнувајќи се на руско-украинската војна и на нападите на Израел врз Појасот Газа, Шентоп рече дека на Блискиот исток има сериозна тензија.
„Среќен сум што сум заедно со Шентоп, постојаниот пријател на Северна Македонија“, истакна пратеникот Мурат.
Талат Џафери истакна дека конференцијата била продуктивна со своите тематики за иднината на Европа и на Балканот.
Свое обраќање имаше и Тахсин Ибрахим, претседателот на МАТУСИТЕБ. Зборувајќи дека на конференцијата се разговарало за иднината на Европа и на Балканот, Ибрахим посочи дека во Северна Македонија на илјадници ученици им е узурпирано правото да се школуваат на својот мајчин јазик.
На панелот учество зедоа и претставници на амбасадата на Туркије во Скопје и претставници на турските институции и организации во Северна Македонија.